Почетна » Убавина и мода » Коса » Како најлесно да отстраните дамки од боја за коса од кожата?

Како најлесно да отстраните дамки од боја за коса од кожата?

И на најискусните може да им се случи неред при бојадисувањето на косата во домашни услови. Мало невнимание е доволно за кожата да се здобие со непријатни флеки кои ќе сакате да ги елиминирате што поскоро.

Жена што се фарба

Кога станува збор за дамките од боја за коса, препорачливо е да се раководите од принципот „подобро е да се спречи, отколку да се лечи“.

Превентивен метод

Вазелин, регенератор за коса, лосион за тело. Најдобриот начин да ја спречите појавата на дамки при бојадисувањето на косата е да создадете масна бариера помеѓу бојата и кожата. Пред да започнете со бојадисување, премачкајте ги ризичните области (кожата на вратот, челото, ушите и слепоочниците) со вазелин, регенератор за коса или масен лосион, па бојата нема да може да се впие во кожата и да создаде флеки.

Сепак, ако завршите со шарена линија околу косата или флеки на рацете, можете да се обидете да ги отстраните со:

1

Сода бикарбона + средство за миење садови

Направете смеса од еднакви количини сода бикарбона и средство за миење на садови. Нанесете дел од смесата на влажна крпа или туфер и нежно тријте ги дамките додека не исчезнат. Сода бикарбоната придобива својство на ексфолијатор.

2

Паста за заби

Пастата за заби содржи доволно абразивни состојки за да ги отстрани дамките од боја за коса, без премногу да ја исуши кожата. Нанесете мало количество паста на дамките и оставете ја неколку минути. Потоа, со влажна крпа или сунѓерче истријте ги дамките и измијте ја кожата со вода. Пастата не треба да содржи гел, а најдобро е да биде наменета за избелување на забите.

3

Бебешко масло

Бебешкото масло е пријател на нежната кожа, но непријател на дамките од боја за коса. Натопете памук или сунѓерче со бебешко масло и со кружни движења тријте ги дамките на кожата. Брзо ќе забележите дека тие исчезнуваат. Или пак, премачкајте ја дамката со бебешко масло и оставете го во текот на ноќта. Измијте го наредниот ден и заедно со него ќе исчезне и непријатната дамка.

4

Ацетон/Отстранувач на лак за нокти

Ацетонот е многу ефективен при отстранувањето на дамки од фарба на кожата. Но, избегнувајте да го користите за дамките на лицето, особено во областа околу очите, бидејќи кожата е поделикатна. Не користете ацетон ако имате чувствителна кожа. Најбезбедно е да употребувате ацетон ако дамките се појават на рацете или ноктите.

Имајте предвид дека ефективноста на секој од предложените „отстранувачи“ варира во зависност од самата боја, но и од типот на вашата кожа. Многу полесно е да отстраните боја за коса од масна кожа, отколку од сува кожа.

Важно е да не чекате. Отстранете ја флеката веднаш штом ќе ја забележите на кожата. Колку повеќе чекате, толку потешко ќе ви биде да се ослободите од неа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.