Почетна » Семејство » Дете » Како да се грижите за здравјето на очите и видот на вашето дете?

Како да се грижите за здравјето на очите и видот на вашето дете?

Добриот вид е од исклучително значење за развојот на детето. Дали знаете дека 80% од она што го учат децата во првите 12 години од животот доаѓа преку очите? Но, децата како деца не се грижат многу за да си ги заштитат очите, па одржувањето на здравјето на детските очи е ваша задача како родител.

Деца со очила80% од она што го учат децата во првите 12 години од животот доаѓа преку нивните очи

Знаци кои ќе ви укажат дека детето има проблеми со видот

Честопати проблемите со видот се појавуваат уште во претшколска возраст, но истите остануваат неоткриени сè додека децата не започнат на читаат и пишуваат. Повеќето деца не сфаќаат дека не е нормално да гледаат нејасно и заматено, па очниот проблем останува во сенка.

Како родител, вие можете да препознаете дали вашето дете има проблеми со видот. Еве кои знаци ќе ви укажат дека треба да реагирате:

  • ја држи книгата премногу блиску до лицето додека чита;
  • седи блиску до екранот додека гледа ТВ или игра на компјутер;
  • го искривува погледот, ја наклонува или врти главата, или пак, го замижува или покрива едното око додека гледа во одреден предмет;
  • го губи редот на текстот на страницата додека чита или го користи прстот како водич;
  • не прави разлика меѓу одредени бои;
  • има тешкотии додека гледа во подалечни предмети, како училишната табла;
  • често се жали од главоболка или болка во очите;
  • претерано трепка и ги чеша очите;
  • солзење;
  • појава на мрзливо око;
  • двојно гледање.

Совети за заштита на детските очи

Сонцето, нечистотијата, лошите навики, па дури и детските игри, можат сериозно да ги оштетат детските очи. За среќа, вие можете да направите многу за да не дојде до тоа.

  • Ограничете го времето кое вашето дете го поминува пред компјутерот и телевизорот. Во денешно време е вистински предизвик да го одделите детето од компјутерот или телевизорот, но мора да се ангажирате околу тоа. Лимитирајте го времето кое детето го минува пред екран. Во идеален случај детето не би требало да поминува повеќе од 2-3 часа дневно гледајќи во ТВ или компјутерски екран. Советувајте го на секои 20 минути да ги одмара очите со трепкање за да ја одржи нивната влажност или да гледа во оддалечен предмет 20 секунди.
  • Не дозволувајте детето да гледа ТВ во целосно затемнета просторија. Иако повеќето луѓе обожаваат да гледаат телевизија во темни простории, тоа е погрешно, затоа што силната светлина од екранот дополнително ги заморува очите.
  • Осигурете се дека има доволно светлина во собата каде што детето учи. Читањето во недоволно осветлена просторија ги заморува очите и може да доведе до главоболка и истоштеност кај вашето најмило. Изворот на светлината на бирото на кое учи вашето дете не треба да биде насочен кон неговото лице, ниту пак да доаѓа од зад него.
  • Забранете му да чита додека се вози во автомобил или автобус. Читањето во превозно средство кое е во движење е штетно, бидејќи очите потешко може да се фокусираат на текстот и со тоа многу повеќе се напрегаат.
  • Купете му поквалитетни очила за сонце. УВ зрачењето од сонцето не само што го зголемува ризикот од рак на кожата, туку може и да ги оштети очите. Детските очи се почувствителни од очите на возрасните. Се смета дека до 70% повеќе УВ зраци стигнуваат до ретината на детските очи во споредба со очите на возрасните. Уверете се дека очилата кои ги купувате за вашето дете имаат соодветна УВ заштита и дека стаклата не се изгребени или оштетени.
  • Научете го дека не треба да ги трие очите ако во нив влезе песок или прашина. Детските игри на улица, ветерот на плажа, прашината во воздухот можат лесно да „фрлат“ опасност во детските очи. Но, триењето на очите додека во нив има цврсто тело е сериозна грешка која може да доведе до оштетување на нежната мрежница на детските очи. Советувајте го детето да трепка и не го спречувајте ако сака да плаче – солзите можат да помогнат во отстранувањето на страното тело. Мијте го окото на вашето најмило со чиста вода додека не ја отстраните иритацијата.
  • Внимавајте кога плива во базен. Хлорот во базените воопшто не влијае позитивно на детските очи, независно од нивото кое се содржи во водата. Високата концентрација на хлор може да предизвика сериозна иритација на очите. Од друга страна, базените сиромашни со хлор им дозволуваат на алгите и бактериите да се развиваат, а тоа може да доведе до инфекција ако детето плива со отворени очи. Ако вашето дете обожава да нурка под вода, обезбедете му очила за пливање, со цел да го спречите влегувањето на хлорирана вода или бактерии во неговите очи.
  • Редовно ставајте на трпезата храна која е добра за очите. Оброците богати со витамини и минерали помагаат очите да се развиваат на здрав начин. Вашата мајка беше во право кога постојано ве потсетуваше колку се важни морковите за вашите очи. Сега вие треба да го направите истото со вашето дете. Внесете во неговите оброци повеќе риба, овошје, зеленчук и јатки богати со витамин А, витамин Ц и витамин Е.
  • Носете го на редовни прегледи. Сте знаеле ли дека вашето најмило треба да помине низ својот прв рутински преглед на очите пред да започне на училиште? Очните тестови можат да помогнат за навремено откривање на сериозни нарушувања на видот и здравјето на очите. Доколку вашето дете има дијабетес или пак во вашето семејство повеќе лица имаат проблеми со видот, носете го детето на офталмолог на секои 2 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.