Почетна » Рецепти » Намирници » Зошто да го засакате темното чоколадо?

Зошто да го засакате темното чоколадо?

Женскиот сон за витко тело е обично засенет кога се наоѓаме пред вкусни искушенија. Ретко кога можеме да им одолееме на слатките десерти, иако во себе ја повторуваме мантрата за совршена фигура.

Желбата за благо понекогаш е посилна од нас и не можеме да ја контролираме, па завршуваме со неколку изедени колачиња, вишок внесени калории и грижа на совест која не може да се заглуши дури ни со напорно вежбање.

Добрата вест е што желбата за слатко може да ја задоволите на здрав начин со неколку коцки вкусно темно чоколадо. Важно е да се потенцира темно, затоа што консументите најчесто се во заблуда кога сметаат дека станува збор за какво било чоколадо. За да уживате во здравствените бенефиции на чоколадото, неопходно е во неговиот состав да има минимум 70% какао.

Темно чоколадо

Темното чоколадо може да биде дел од здрава и балансирана исхрана доколку се консумира умерено. Еве зошто:

  1. Ја ублажува здодевната кашлица. Кога кашлицата не ве остава да здивнете, обидете се да ја ублажите со темно чоколадо. Неколку медицински истражувања покажале дека теоброминот кој го има во темното чоколадо помага за смирување на кашлицата.
  2. Го снижува високиот крвен притисок. Секојдневното консумирање на мали количини темно чоколадо може минимално да го снижи високиот крвен притисок. Германско истражување покажало дека внесувањето на 30 калории дневно од темно чоколадо го намалува систолниот притисок со 3 mmHg, а дијастолниот со 2 mmHg. Истражувачите веруваат дека тоа снижување се должи на супстанциите флаваноли кои ги има во какаото.
  3. Го намалува ризикот од срцев и мозочен удар. Темното чоколадо е добро и за кардиоваскуларниот систем и за мозокот. Антиоксидансите кои ги има во него го намалуваат ризикот од срцев и мозочен удар.
  4. Помага при висок холестерол. Темното чоколадо, но не и белото, го намалува нивото на „лош“ холестерол, а го зголемува „добриот“ холестерол.
  5. Го подобрува расположението и го намалува стресот. Темното чоколадо го намалува нивото на хормоните на стресот, а го поттикнува создавањето на ендорфини, заслужни за засилувањето на чувството на среќа и задоволство.
  6. Изобилува со антиоксиданси. Антиоксидансите му се потребни на организмот затоа што успешно се борат против слободните радикали во телото и помагаат во заштитата од рак и кардиоваскуларни заболувања. Истовремено и го забавувааат процесот на стареење.
  7. Може да биде сојузник во борбата со вишок килограми. Горчливиот вкус на темното чоколадо го намалува апетитот, за разлика од посветлите млечни чоколада кои дополнително го стимулираат. Неколку коцки темно чоколадо ќе ја задоволат дневната потреба за слатко и на тој начин полесно ќе го контролирате бројот на калории кои ги внесувате со вашата диета.

Не заборавајте... Темното чоколадо секогаш е поздрав избор од белото. Но, и темното чоколадо е калорична храна која треба да се консумира ограничено. Во 100 грама темно или црно чоколадо има околу 550 калории.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11588 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.