Почетна » Рецепти » Travelbook #zaciniinspiracija » Суфлаки со ѕаѕики сос и грчка салата во домашно пита лепче од @kokarche

Суфлаки со ѕаѕики сос и грчка салата во домашно пита лепче од @kokarche

Магијата на зачините ја истражуваме преку специјалитети од светот, а откако се насладувавме на јадења од азиската и американската кујна, се фокусираме на најстариот континент, а поконкретно на примамлива комбинација специфична за Грција.

Добрица Насевиќ, авторка на профилот @kokarche, ни предлага како да си подготвиме неодоливо суфлаки со ѕаѕики сос и грчка салата во домашно пита лепче.

Во предизвикот Кулинарско патување околу светот со Подравка мојот глобус застана на европскиот континент - тло богато со многу култури и долга традиција во подготовка на храна. Медитеранската кујна има свое значајно место во тој контекст. Вклучува намирници со многу бенефити за нашето здравје како што е маслиновото масло, многу свеж зеленчук, јатки, житарки и изобилство од зачински тревки, па заради тоа станува влијателна и во светски рамки. Во 70-те години од минатиот век се популаризира таканаречената Медитеранска диета која е базирана на медитеранската кујна, а е актуелна и до ден-денес со бројни студии кои ги истражуваат нејзините ефекти.

Овој пат не одиме многу далеку, само неколку стотици километри на југ и се инспирираме од грчката кујна која е дел од медитеранското семејство. Рецептот опфаќа подготовка на суфлаки (парчиња месо нанижани на стапчиња и испечени на скара, претходно отстоени во маринада со многу зачини), домашни пита лепчиња, ѕаѕики сос и свежа грчка салата.

@kokarche

Суфлаки со сос и грчка салата Суфлаки со сос и грчка салата

Маринада за стапчиња

5 лажици оцет
Зачини Vegeta Maestro: рузмарин, босилек и оригано
  • Прв чекор од подготовката е маринирање на стапчињата за ражен - се потопуваат во оцет и зачини за да омекнат и да ги примат аромите. Се тргаат на страна.

Суфлаки

.
500 гр свинско филе
5 лажици маслиново масло
5 лажициоцет
Зачини Vegeta Maestro: ловоров лист, оригано, рузмарин, босилек, медитеранска мешавина и сол
  • Месото се сече на парчиња, се става во сад и се подготвува за маринада од оцет, маслиново и зачини. Се остава во фрижидер најмалку 1/2 час. Местото ќе почне да менува боја и да се осветлува, тоа значи дека оцетот го започнал процесот на готвење.
  • Парчињата месо се нижат на стапче и се ставаат да се печат на скара или намрсена грил тава по 2-3 минути од секој страна.
Суфлаки со сос и грчка салата

Пита лепчиња

320 гр брашно
1 лажичка сол
180 мл млако млеко
60 мл вода
7 гр Dolcela сув квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички маслиново масло
¼ лажичка Vegeta Mastro босилек
  • Брашното се меша со солта во длабок сад и се трга настрана.
  • Во млекото се додаваат водата, квасецот и шеќерот, се промешува и се остава 5 минути да отстои за да се активира квасецот.
  • Се додава маслиново масло во течните состојки и со нивно постепено додавање во сувите, се замесува тесто (на почеток може да се меша со дрвена лажица). Тестото се меси најмалку 10 минути за да се развие глутенот. Се покрива со крпа и се остава на топло место да нарасне (околу 50 минути до 1 час).
  • Од искиснатото тесто се формираат 6 еднакви топчиња. Секое топче се сука на намрсена површина и се пече на загреано тавче премачкано со масло или на скара, 1-2 мин од секоја страна.

Ѕаѕики

300 гр грчки јогурт
1 краставица
2 лажици маслиново масло
3 лажици оцет
1 лажичка Vegeta Maestro лук во прав
2 лажички Vegeta Maestro копар
сол
  • Се ренда краставицата, се посолува, се остава да отстои 5-10 минути. Потоа убаво се цеди од вишокот вода со помош на кујнска крпа.
  • Сите состојки се мешаат во длабок сад. Сосот се попрскува со малку маслиново масло и копар за декорација.
Суфлаки со сос и грчка салата

Грчка салата

2 домати
½ кромид
1 зелена пиперка
10-тина маслинки
100 гр бело сирење
¼ лажичка Vegeta Mastro оригано
крупна сол
маслиново масло
  • Се сложуваат зеленчукот (претходно исецкан на ситно) и маслинките во длабок сад, се зачинуваат со сол, оригано и маслиново масло.
Суфлаки со сос и грчка салата

Подготвеното суфлаки се служи во тазе печено пита лепче премачкано со ѕаѕики и со купче од грчката салата.

Уживајте!

Суфлаки со сос и грчка салата Суфлаки со сос и грчка салата Суфлаки со сос и грчка салата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.