Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Анистон – најпосакувана слободна жена во светот

Џенифер Анистон – најпосакувана слободна жена во светот

Можеби немаше среќа со Бред Пит, Џон Мајер и Винс Вон, но тоа не значи дека Џенифер Анистон нема да ја пронајде љубовта на својот живот. 41-годишната актерка е прогласена за најпосакувана слободна жена во светот, а тоа е доволен доказ дека има многу машки обожаватели.

Џенифер АнистонЏенифер Анистон е прогласена за најпосакувана слободна жена во светот

Во анкета на списанието „Vanity Fair“ и емисијата „60 Minutes“, ѕвездата на серијата „Friends“ доби 29% од гласовите и со тоа застана на првото место.

Втора најпосакувана жена на листата е Хали Бери, која доби 21% од гласовите. Таа неодамна се раздели со моделот Габриел Обри, но најверојатно веќе не е сингл, затоа што неколку пати беше пресретнувана од папараците во прегратка на Оливер Мартинез.

На третото место е Елин Нордегрен, бившата сопруга на Тајгер Вудс, која го остави поради неговите многубројни неверства.

Четврта на списокот е Бети Вајт. 88-годишната актерка застана рамо до рамо со нејзините помлади колешки и е едно место пред Лејди Гага, на која ѝ припадна на петтото место.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11157 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.