Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тајгер Вудс го признава неверството и бара прошка

Тајгер Вудс го признава неверството и бара прошка

Тајгер Вудс и Елин Нордгрен

Последните две седмици странските медиуми се преполни со вести за аферите на големиот голфер Тајгер Вудс. По огромниот притисок од медиумите и изјавите дадени од неговите љубовници, Тајгер јавно призна дека многукратно ја изневерувал својата жена и побара прошка.

На својот официјален сајт тој вчера напиша:

„Јас сум свесен за разочарувањето и болката кои што моето изневерување ги предизвика кај многу луѓе, особено кај мојата жена и деца. Уште еднаш сакам на сите да им кажам дека длабоко жалам и дека барам прошка. Тоа можеби нема да ја поправи штетата која ја направив, но сакам да дадам сè од себе да се обидам да го сторам тоа.“

До моментот осум жени тврдат дека имале афера со славниот спортист. Нивниот изглед и професија се многу далеку од прекрасната сопруга на Тајгер Вудс, Елин Нордгрен.

Елин Нордгрен е ќерка на позната шведска политичарка Barbro Holmberg и новинарот Thomas Nordegren. Пред да замине за Америка била модел, но никогаш не ја сакала таквата кариера. Во моментов таа има две деца со познатиот голфер.

Подолу можете да ги видите љубовниците кои тврдат дека се нашле во креветот на Вудс.

Тајгер Вудс е професионален голфер, чии постигнувања го поставуваат помеѓу најдобрите играчи на голф на сите времиња. Тој е и најплатениот спортист на светот за изминатава година со приходи од 110 милиони долари. Тајгер и Елин стапија во брак на 5 октомври 2004 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10613 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.