Француската романса на Џенифер Лопез и Алекс Родригез беше будно следена од неуморните папараци. Заљубениот пар беше фотографиран додека за рака се шеташе по француската ривиера и додека уживаше на јахта во Ница.
47-годишната пејачка беше облечена во сексапилен црно-бел стајлинг со кратка блуза од брендот Naked Wardrobe и бели панталони од Topshop. Својот изглед Лопез го надополни со чанта од Hermes, сандали од Giuseppe Zanotti и очила од Quay.
Лопез сподели на социјалните мрежи фотографии од својата авантура во Франција.
Пред два дена, парот беше фотографиран во лежерно издание во Париз.
Извор близок на парот за People изјавил дека Лопез и Родригез се пресреќни заедно: „Џенифер ја обожава Франција. Досега ја има многупати посетено и беше многу возбудена за одморот со Алекс. Џенифер го организираше патувањето и го одведе Алекс на своите омилени места. Тие ја имаа најдобрата недела. Нештата се одлични меѓу нив. Колку повеќе Џенифер го запознава Алекс, толку повеќе тој ѝ се допаѓа. Дефинитивно врската им е сериозна“.