Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја одведоа својата љубов во Франција. Славниот пар беше виден додека се релаксираше на јахта на француската ривиера и додека уживаше во Париз.
На луксузната јахта, 47-годишната пејачка и актерка ја покажа својата одлична фигура во модерен бел костим за капење.
За разгледувањето на музејот Лувр и шопингот во престижни бутици, Џеј Ло избра фустан од Гучи, чантичка од Валентино и сандали од Џузепе Ѕаноти.
Лопез и Родригез уживаа и на романтична вечера во ресторанот „La Société“ во Париз. Розовиот комплет кој го носи музичката ѕвезда доаѓа од брендот House of CB.
Парот на Instagram сподели неколку фотографии од одморот.