Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Очајна за внимание џогирала качена на високи штикли

ФОТО: Очајна за внимание џогирала качена на високи штикли

Се сеќавате на 16-годишната пејачка која се омажи за 51-годишниот актер Даг Хачинсон? Амбициозната Кортни Стоден сега има 17 години, а нејзината желба за слава и внимание како постојано да расте.

Нејзиниот провокативен и на моменти вулгарен начин на облекување ги привлекува папараците гладни за интересна приказна, а исценираните позирања пред објективите сè повеќе служат за забава на интернет.

Изминатиов викенд младата невеста излезе да џогира со своето куче качена на високи проѕирни стриптизерски потпетици.

КортниКортни џогира качена на штикли

Облечена во прекратки панталончиња, Кортни трчаше заедно со своето розово куче, додека маж што веројатно треба да е нејзин телохранител се обидуваше да го следи секој нејзин чекор.

Кортни

Но, по краток напорен „тренинг“, Кортни не издржа, па ги соблече превисоките потпетици и продолжи да трча боса.

Кортни

Во последниве неколку месеци Кортни и нејзиниот сопруг ја користат секоја можна прилика да ја покажат својата љубов во јавност и провокативно да позираат пред папараците кои „случајно“ се појавуваат на истите места како и тие.

Минатата година тие беа избркани од пазар за тикви затоа што беа премногу вулгарни со своето однесување на место кое го посетуваат мали деца пред Ноќта на вештерките.

Кортни и ДагКортни и Даг пред Ноќта на вештерките позираат на пазар за тикви

Пред Божиќ со празнична „случајна“ фотосесија уште еднаш се најдоа во медиумите кога Даг позираше како Дедо Мраз, а Кортни како негова Баба Мразица.

Кортни и ДагКортни и Даг во новогодишна фотосесија

Дури и најобичното купување на кафе и шопингот се повод Кортни да ги прошета своите „секси“ комбинации и да ги покаже своите атрибути.

Кортни и ДагКортни и Даг на шопинг КортниЛево: Кортни купува утринско кафе. Десно: Кортни на прошетка со Даг.

И покрај ваквите покажувања и постојаното изложување на телото пред очите на јавноста, нејзината мајка тврди дека Кортни е вистинска Христијанка и дека кога стапила во брак со Даг била девица.

КортниКортни пред да стане „славна“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11489 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.