Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: 51-годишен актер од „Lost“ се ожени за 16-годишна

ФОТО: 51-годишен актер од „Lost“ се ожени за 16-годишна

Кога Хју Хефнер ја објави својата свршувачка со 40 години помладата Кристал, првото нешто што се коментираше беше разликата во годините. Но, Хефнер, кој не успеа да ја однесе младата невеста пред олтар, не е единствениот маж во шоу-бизнисот кој тврди дека љубовта не познава граници.

Денес светските медиуми известија дека 51-годишниот актер Даг Хачисон се оженил со 16-годишна амбициозна пејачка. Свадбата се одржала во Лас Вегас, а за сè да биде според законот, родителите на младата невеста морале да потпишат одобрување за свадбата на нивната ќерка.

Даг и Кортни51-годишниот Даг и 16-годишната Кортни

Животната сопатничка на Даг, познат по своите улоги во „The Green Mile“ и серијата „Lost“, е младата кантри пејачка Кортни Стоден. За да ги смират „злите“ јазици, двајцата за Е! Online изјавиле: „Свесни сме дека големата разлика во годините е контроверзна. Но, ние сме многу вљубени и сакаме да испратиме порака дека вистинската љубов не познава возрасни граници“.

Мајката на Кортни изјавила дека целосно ја поддржува својата ќерка. „Целосно го поддржуваме нивниот брак. Даг е прекрасен маж и ние го сакаме“.

Кортни во нејзин музички спот

Кортни изгледа малку напредно за нејзината возраст, но нејзината мајка негира дека 16-годишната пејачка имала направено пластични операции и инсистира дека е добра Христијанка. „Кортни беше девица кога се омажи за Даг. Таа е добра Христијанка. Таа е убава девојка. Има вистински гради, усни и не е пластична“ – изјавила мајката за RadarOnline.

И за крај, погледнете еден од „спотовите“ на младата невеста:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11099 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.