• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Вознемирувачко видео: Пи Диди се извини по објавувањето на снимка на која физички ја малтретира бившата

20 мај 2024, 12:19
  • cподели

Во ноември минатата година, Касандра Вентура го обвини раперот Пи Диди за силување, физичко малтретирање, дрогирање и принудување на секс со други мажи. Диди веднаш ги отфрли таквите тврдења, но сега, CNN објави видео кое ги поткрепува нејзините обвиненија.

На него се гледа како раперот физички ја напаѓа и ја тепа поранешната девојка Каси во хотел.

Снимките од безбедносните камери се направени на 5 март 2016 година, а на нив се гледа како Диди трча по ходникот од хотелот од лифтот каде се наоѓа Вентура. Потоа ја зграпчува за облеката, ја фрла на подот и започнува да ја удира.

Пи Диди Пи Диди Пи Диди Пи Диди

Откако се рашири видеото, Диди се извини за однесувањето и рече дека е свесен за своите постапки.

„Многу е тешко да се навраќаш на најтемните моменти од твојот живот, но понекогаш мораш да го направиш тоа.“

„Го допрев дното и не барам изговори. Моето однесување во тоа видео е неприфатливо. Преземам целосна одговорност за моите постапки во тоа видео, згрозен сум. Ми се гадеше тогаш, кога го направив тоа, ми се гади и сега. Побарав професионална помош, бев на терапија и рехабилитација.“

„Го молев Бог за милост и спасение. Жал ми. Посветен сум на тоа да бидам подобар маж секој ден. Не барам прошка, навистина ми е жал“ – рече тој.

View this post on Instagram

A post shared by LOVE (@diddy)

Диди бил склон на неконтролирани изливи на бес и многу често дивјачки ја тепал Каси. Персоналот кој работел за него ги гледал насилствата, но не се осмелувал да зборува против него.

Пи Диди

Во судските документи до кои дојде Page Six минатата година, стоеше дека Каси го обвинува Диди (Шон Комбс) дека:

  • Ја силувал во нејзиниот дом откако се обидела да го напушти;
  • Често ја удирал, тепал, клоцал и газел на стомакот, што резултирало со модринки, пукнати усни, помодрени очи и крварење;
  • Го разнесе автомобилот на човек кој имал романтични интереси кон неа;
  • Ја принудил госпоѓица Вентура на секс со машки сексуални работници додека мастурбирал и снимал;
  • Барал од неа да му го носи огненото оружје во чантата само за да направи да се чувствува неудобно и да демонстрира колку е опасен;
  • Ја вовел госпоѓица Вентура во животен стил со прекумерен алкохол и дрога и барал од неа да набави недозволени рецепти за да ги задоволи неговите зависности.
Пи Диди

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.