Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Тамара Тодевска со розова коса во спотот за новата песна „Торнадо“

ВИДЕО: Тамара Тодевска со розова коса во спотот за новата песна „Торнадо“

Тамара Тодевска ја објави најавуваната песна „Торнадо“.

Во спотот, македонската пејачка се појавува со розова коса и облечена во розов костум, а потоа танцува во тексас стајлинг и тропски фустан придружувана од неколку танчари. На крајот од видеото се појавува и нејзината ќеркичка Хана.

„'Торнадо' е нашата нова музичка приказна, а јас сум пресреќна што создадовме песна и спот, кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа најмногу ни треба во периодов во кој живееме! Задоволна сум од целосниот производ, од песната и од спотот и искрено верувам дека истата ќе и се допадне на мојата публика, како во Македонија, така и низ земјите во регионот“ - вели Тамара.

Исто како нејзината претходна песна „Нијагара“, така и оваа е на српски јазик.

Слушнете ја „Торнадо“ и погледнете го видеозаписот:

Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска

Текстот е дело на српската пејачка и кантавторка Ана Радоњиќ / Зое Кида, додека за музиката и аранжманот беа задолжени Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, Лазар Цветкоски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11524 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.