Почетна » Новости » Музика » „Нијагара“: Спотот за новата песна на Тамара Тодевска на српски јазик

„Нијагара“: Спотот за новата песна на Тамара Тодевска на српски јазик

Тамара Тодевска, ја објави својата нова песна „Нијагара“. Текстот и музиката се напишани во заедничка соработка меѓу Тамара и Лазар Цветкоски, со што ова е прва песна каде што Тодевска се јавува како автор. Песната е изведена на српски јазик.

„’Нијагара’ е за сите луѓе кои во одреден момент се почувствувале ранливо, разочарано. ‘Нијагара’ е за сите кои се неправедно етикетирани, да знаат дека на крајот има решение, а тоа е да продолжиме со борбата. Честопати духовно сме заробени, затворени во тој ‘кафез’, заробени во нашите мисли и сопствени стравови. Таа состојба предизвикува да бидеме деструктивни, гневни, но секогаш можеме да излеземе од тој ‘лавиринт’. Само треба да одлучиме, силно да сакаме и да направиме чекор напред“ - вели Тамара за мотивот да биде еден од авторите на оваа песна.

Видеоспотот се снимаше неколку денови во Скопје, а е во режија на Огнен Шапковски и „Мелем“ продукција. Спотот на динамичен начин ја претставува приказната на оваа песна, каде што во главната улога е Тамара, која може да се види во различни изданија кои се рефлексија на нашата емотивна состојба во различен момент од животот.

„На песната и на спотот работевме подолго време. Не ги форсиравме затоа што сакавме да направиме целосен продукт, како од музички, така и од продукциски аспект. Станува збор за брза, динамична песна, која верувам ќе ѝ се допадне на публиката“ – посочува Тамара.

Тамара Тодевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.