Почетна » Новости » Истражувања » Ако сакате женско бебе, јадете повеќе зелени зеленчуци

Ако сакате женско бебе, јадете повеќе зелени зеленчуци

Жените можат да си ги зголемат шансите да имаат девојче ако консумираат повеќе зеленчуци и овошје, покажале најновите истражувања.

Истражувачите откриле дека консумирањето на храна богата со калциум и магнезиум (како што се зелените зеленчуци) во периодот пред зачнувањето ја зголемува веројатноста за добивање на ќерка.

Бремена женаВисокото ниво на магнезиум и калциум ги зголемува шансите за зачнување на ќерка

Холандски научници работеле со 172 парови кои сакале да добијат девојче. До моментот на истражувањето сите тие имале вкупно 358 сина, а само 2 ќерки.

Во периодот од 9 седмици пред зачнувањето сите консумирале многу овошје, зеленчуци и ориз за да си го зголемат нивото на калциум и магнезиум. Дополнително примале и таблети од тие два минерали и учеле како точно да си ги определат плодните денови.

Исто така, паровите биле советувани да имаат секс 3-4 дена пред овулацијата за да ги зголемат шансите за девојче, бидејќи се смета дека спермата со женски хромозоми се движи побавно и ѝ е потребно повеќе време да стигне до јајце-клетката.

Од 32 парови кои го завршиле истражувањето, 26 добиле девојче, а само 6 повторно момче.

Научниците веруваат дека нивото на минералите во телото на идната мајка ја прави посклона или кон сперма со хромозоми ХХ (која води до зачнување на девојче) или кон сперма со хромозоми ХY (која води до зачнување на момче).

Сепак, научниците сметаат дека треба да бидат направени уште истражувања пред да започнат ова да им го препорачуваат на оние кои сакаат женско.

Се верува дека консумирањето на храна богата со натриум и калиум, како што се бананите и компирите, ги зголемува шансите за добивање на син. Но, ова допрва треба да биде докажано.

Ако сакате да научите повеќе за зголемувањето на шансите за машко или женско бебе, прочитајте го методот на Шетлс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.