Добрата орална хигиена може да ви помогне не само да го подобрите здравјето на забите и да имате убава насмевка, туку и да го заштитите срцето. Научниците уште еднаш ја потврдија врската меѓу оралната хигиена и срцевите болести.
Heineken спроведе меѓународно истражување за машките навики поврзани со фудбалот. Дури 88% од учесниците изјавиле дека фудбалот им е омилена тема на разговор. Жените остануваат на второ место. Дознајте кои се 10-те омилени теми на разговор на мажите.
24-годишната мега-популарна пејачка, којашто отворено признава дека е бисексуална, воопшто не се воздржувала пред папараците и релаксирано уживала во прегратките на непозната бринета на јахта во Сен Тропе.
Замислете си, веќе има чоколадо кое се бори против брчки. Истражувањата покажале дека само две коцкички дневно од ова чоколадо можат да го забават процесот на стареење и да ја зачуваат кожата мазна.
Во народната медицина ѓумбирот се користи против настинка и при проблеми со стомакот. Сега научниците тврдат дека ѓумбирот има и својство да ја намалува болката во мускулите предизвикана од голема физичка активност.
Најновото истражување на тим од Универзитетот Харвард покажало дека преработеното црвено месо го зголемува ризикот за појава на срцеви заболувања и дијабетес.
Новите истражувања уште еднаш предупредуваат за негативното влијание на седењето врз здравјето и врз изгледот на телото. Дури и јадењето на јаболко предизвикува трошење на повеќе калории, отколку седењето.
Научниците веруваат дека кажувањето на убедливи лаги на млада возраст е знак на брз развој на мозокот и дека тоа ја зголемува веројатноста малите лажливци да бидат поуспешни луѓе во иднина.