Научниците докажаа дека скршеното срце навистина предизвикува болка. Со помош на ново истражување тие откриле дека во мозокот се активираат истите области и кога некој е оставен од партнерот и кога чувствува болка предизвикана од силна топлина.
Иако се смета дека жените го достигнуваат врвот на својата убавина на 31 година, британски истражувачи стигнале до заклучокот дека жените започнуваат да се чувствуваат стари во просек на 29 години. За разлика од нив, мажите започнуваат да се чувствуваат стари дури на 58 години.
26% од жените би сакале добиениот предлог за брак да им бил поромантичен, пооригинален и поперсонализиран. Што се однесува до прстенот кој го добиле, дури 96% од жените тврдат дека бил точно таков каков што посакувале. Прочитајте повеќе.
Просечната жена ќе бакне 22 различни мажи, ќе ужива во 4 долги врски, ќе доживее 6 лоши состаноци и 5 пати ќе остане со скршено срце пред да го пронајде мажот од нејзините соништа. Прочитајте уште неколку интересни податоци.
Ново британско истражување покажа дека 52% од жените некогаш одбиле да имаат секс со своите партнери само поради тоа што се чувствуваат дебели или поради тоа што се засрамени од формата на своето тело.
Ново британско истражување покажа дека љубовта кон цигарите кај некои луѓе е посилна од љубовта кон партнерот. Петтина од учесниците во истражувањето изјавиле дека попрво би се откажале од партнерот отколку од цигарите.
Истражувачите тврдат дека страста се намалува по третата година од врската. Тогаш паровите започнуваат да се расправаат повеќе, им се намалува сексуалниот апетит, си даваат помалку комплименти и поминуваат многу помалку време заедно.