Почетна » Новости » Занимливости » Фризер им помага на жените да ги прифатат белите влакна преку впечатливи трансформации со седа коса

Фризер им помага на жените да ги прифатат белите влакна преку впечатливи трансформации со седа коса

Фризер ги охрабрува жените да не се срамат од белите влакна, туку да ги прифатат како нешто нормално.

Џек Мартин ги поттикнува клиентките да се насочат кон природен изглед со седа коса. Неговите трансформации се впечатливи и моќни и им помагаат на жените не само да се чувствуваат самоуверено онакви какви што природно се, туку и да одат поретко на фризер.

Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин

„Моите клиентки со природно сива коса доаѓаат кај мене два или три пати годишно, наместо на секои неколку недели. Слободата која доаѓа со толку чудесен изглед навистина е привлечна, а да не ги споменувам охрабрувачките емоции кои доаѓаат со носењето на твојата природно сива коса“ – вели тој.

Тој дошол до ваква идеја кога жена дошла кај него и му рекла дека се фарба со години, но дека сега била во пензија и не сакала да троши толку време на фарбање.

Џек Мартин Џек Мартин

На Мартин му се потребни 10 часа за да го постигне ваквиот изглед. Тој го започнува процесот со отстранување на остатоците од фарба од косата, а потоа го анализира делот каде косата е природно порасната и нефарбана. Потоа, се обидува да го пресоздаде истиот шаблон на целата коса.

Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин Џек Мартин

Мартин е заслужен за фризурата на Џејн Фонда на Оскар 2020, со која привлече огромно внимание.

Џејн Фонда Џејн Фонда Џејн Фонда

Тој ѝ ја трансформираше косата на Енди Мекдауел за новиот филм „Dashing in December“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11017 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.