Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 82-годишната Џејн Фонда во креација од Ели Сааб која ја носеше пред 6 години, се зарече дека повеќе нема да купува облека

82-годишната Џејн Фонда во креација од Ели Сааб која ја носеше пред 6 години, се зарече дека повеќе нема да купува облека

Џејн Фонда ја имаше честа да ја додели последната златна статуетка на Оскар 2020. Најголем впечаток од нејзиното појавување на сцената остави нејзината нова фризура и црвеното палто кое го носеше во рацете, а преку кое испраќа моќна порака за зачувувањето на животната средина.

82-годишната актерка блескаше во креација од Ели Сааб, која веќе ја имаше во својот плакар зашто ја носеше пред 6 години на Канскиот филмски фестивал. Неодамна, славната актерка се зарече дека нема да купува повеќе облека.

Џејн Фонда Џејн Фонда Џејн Фонда Џејн Фонда Џејн Фонда Џејн Фонда Џејн Фонда Џејн Фонда Џејн Фонда Џејн Фонда

Фонда ја носеше впечатливата црвена креација во Кан во 2014 година.

Џејн Фонда Џејн Фонда Џејн Фонда

Џејн е активистка која се обидува да ја подигне свеста за климатските промени, прекумерниот конзумеризам и еколошката одговорност кај луѓето. Досега, таа била уапсена пет пати за време на нејзините протести, а црвеното палто стана симбол на нејзиниот активизам.

„Го гледате ова палто? Ми требаше нешто црвено и излегов и го најдов ова на распродажба. Ова е последното парче облека кое некогаш ќе го купам. Кога разговарам со луѓето, им велам дека не мораме да одиме на шопинг... дека не ни требаат повеќе работи. Јас морам да им бидам пример за тоа. Па, повеќе не купувам облека“ – изјавила таа неодамна.

Џејн Фонда Џејн Фонда Џејн Фонда

На манифестацијата Оскар, Џејн ја додели наградата за Најдобар филм, која отиде во рацете на екипата на „Parasite“.

Џејн Фонда Џејн Фонда Џејн Фонда Џејн Фонда

Фонда не беше единствената ѕвезда која носеше стара креација во Долби театарот.

И Елизабет Бенкс носеше фустан кој е во нејзиниот плакар од 2004 година, а кој беше создаден специјално за неа од дизајнерот Беџли Мишка.

Џејн Фонда Џејн Фонда

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8881 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.