Кејт Кејси е мајка на четири деца, која покрај тоа што пишува текстови со интересни моменти од мајчинството, таа на комичен начин ги пресоздава фотографиите на славните мајки.
Мајката од Калифорнија, со одлична смисла за хумор, цели да прикаже колку е различен животот на холивудските ѕвезди и „нормалните мајки“.



„Ги гледав фотографиите од славните во списанијата и си помислив колку смешно би било да споредам нормална мајка наспроти славна мајка или мајка која се фотографирала за списание.“
„На пример, откако Џенифер Лопез ги роди своите близнаци, позираше за списанието InStyle облечена во балски фустан држејќи ги новороденчињата. Откако јас го родив моето бебе, јас носев гаќички за родилки и широки комфорни тренерки за дома“ – изјавила Кејт за The Huffington Post.
„Новите мајки забораваат да си ја исчешлаат косата, а да не зборуваме за спреј за потемнување на кожата и ставање вештачки трепки“ – додала таа.





















Четирите деца на Кејси се под 7-годишна возраст.