Почетна » Новости » Занимливости » Писмо на мајка за своите 4 деца: „Еве зошто ви дадовме браќа и сестри“

Писмо на мајка за своите 4 деца: „Еве зошто ви дадовме браќа и сестри“

Кејт Кејси е мајка на четири деца која во своите текстови споделува интересни моменти од мајчинството. Најновиот текст е всушност писмо до нејзините деца, во кое им објаснува зошто таа и нејзиниот сопруг се одлучиле за многудетно семејство.

Кејт шеговито им објаснува на своите малечки дека во иднина тие ќе се гордеат што се имаат еден со друг.

Мајка со деца

Драги деца,

Пред многу години, уште пред да се родите, јас и татко ви одлучивме да имаме повеќе деца. Тогаш верувавме, како што веруваме и сега, дека повеќе ќе уживаме ако имаме автомобил полн со разврескани деца, одошто да имаме само едно дете.

Знаеме дека често се фрустрирате што мора да ги делите играчките, храната и нашето време, но има причина за тоа. Ние само ви го посакуваме најдоброто. Верувајте ни кога ви кажуваме дека за вас е подобро вака, иако повремено ќе ви доаѓа да врескате во ѕид или низ отворен прозорец.

Ви требаат други луѓе за дружење

Верувајте ни кога ви кажуваме дека ние не сме многу интересни. Со искучок на нашата ДНК и фактот што живееме во иста куќа, јас и татко ви немаме многу заедничко со вас. Дали некогаш сте имале работа? Дали плаќате даноци? Дали некогаш сте биле во Лас Вегас? Дали знаете како е да не можете да најдете место за паркирање? И обратно, дали ние можеме да зборуваме 20 минути за „Моќните ренџери“? Дали некој од нас ги знае сите ликови од „Војна на ѕвездите“? Дали ние имаме способност да препознаеме Рок ѕвезда Барби во куп кукли? Одговорот е не. Токму затоа вие се имате еден со друг.

Веројатно нема да станете ужасни луѓе

Истражувањата покажуваат дека е помала веројатноста да бидат себични оние деца кои имаат браќа или сестри, а е поголема веројатноста тие да умеат да споделуваат и да решаваат проблеми. Потсетете се на ова кога ќе добиете картичка во која пишува дека сте пример на училиште. Ние ви го овозможивме тоа.

Имате потреба од личност што ќе ве сослуша

Знаеме дека ќе сакате да имате кому да се обратите кога ние ќе ве посрамотиме (што од страна на мајка ви ќе биде често). Ќе сакате да се јавите некому и да се поплачете кога ние нема да ве разбираме или не ги поддржуваме лошите одлуки кои веројатно ќе ги донесувате.

Пополнети седишта

Никогаш нема да треба да се грижите дали ќе има празни столчиња на вашата дипломска или свадба, бидејќи ние ќе зафаќаме неколку редови. Сакате да имате клуб од фанови? Ние штотуку ви направивме.

Партнери во криминалот

Твојот брат или твојата сестра ќе ти бидат од помош кога ќе ти треба лажна возачка дозвола или некој што ќе излаже дека ти се врати од излегување навреме. Некој кој ќе помогне во чистењето, кога еден од вас ќе направи забава додека не сме дома. Ќе ти треба соучесник, а за твоја среќа, тој живее на крајот од ходникот.

Споделување на товарот

Кога ќе дојде време да треба да живееме во старечки дом или да се донесе одлука да ни ги исклучат апаратите за дишење, нема да бидете сами. Зошто само еден од вас да се справува со тој товар, кога можете да го споделите?

Вашите браќа и сестри ќе бидат покрај вас за секоја победа и секој пораз, во секој значаен момент во животот. Благодарение на нив, ќе добиете доживотна емоционална поддршка, пријателство и безброј интерни шеги. Всушност, ние се збогувавме со сите соништа за тивок одмор во наредните 18 години, за вие да можете да имате најдобри пријатели од раѓање.

Повелете и друг пат.

Мајка со деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11912 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.