Почетна » Новости » Занимливости » „Мојата ќерка е совршена онаква каква што е“: Катерина Скорсоне се отвори за животот со дете со Даунов синдром

„Мојата ќерка е совршена онаква каква што е“: Катерина Скорсоне се отвори за животот со дете со Даунов синдром

Катерина Скорсоне и ќерка ѝ Пипа блескаат на насловната страница од изданието на People посветено на љубезноста.

За познатото списание, 39-годишната актерка сними едиторијал со трите ќерки – 8-годишната Елајза, 3-годишната Пипа која има Даунов синдром и 10-месечната Лусинда.

Катерина Скорсоне Катерина Скорсоне Катерина Скорсоне

Во интервјуто, ѕвездата од „Grey’s Anatomy“ отворено зборуваше за животот со дете со Даунов синдром и за тоа на колку убави начини ти се менува животот кога имаш дете со посебни потреби.

Катерина признава дека била многу исплашена кога се родила Пипа во ноември 2016, но дека сите нејзините стравови исчезнале откако научила дека не може да контролира сè и дека секоја личност е прекрасна.

Катерина Скорсоне

„Кога се роди ќерка ми Пипа, бев исплашена. Не знаев ништо за трисомија 21, подобро позната како Даунов синдром. Не знаев ништо. Сè што знаев беше дека луѓето се плашат од Дауновиот синдром, па сфатив дека и јас треба да се плашам“ – рекла Катерина и додала дека Пепа отклучила нова врата за неа и таа брзо си го променила мислењето и започнала да гледа на различноста на Пипа како на прекрасна индивидуалност и уникатност.

Гледав во ова мало бебенце кое ќе прерасне во мојата забавна, тврдоглава, прекрасна мала Пипа и гледав колку ограничен ми бил животот до тој момент. Колку бил мал и тесен. Во тој момент, утроениот 21-ви хромозом кој ѝ ги подари тие преубави, полумесечеви очи, стана малиот клуч.

Одеднаш стана кристално јасно. Не постои стандардно, објективно и совршено човечко суштество. Мерките за совршенство се произволни и наметнати за да им служат на оние кои се вклопуваат во нив. Мојата ќерка е совршена. Токму онаква каква што е.

Не знам какви предизвици ќе има за неа по патот, не знам дали ќе најде работа која ќе се вклопува во нејзините интереси и таленти, не знам дали ќе си најде партнер кој ќе ја разбира нејзината смисла за хумор и ќе го слави нејзиниот живот секој ден со мали или големи гестови на љубов, Но, тоа не го знам ниту за другите мои ќерки

Пипа е совршена онаква каква што е. И ти си, и јас сум. Единствениот начин за да го тргнеме погледот од тоа совршенство е ако го бараме на друго место.

Катерина
Катерина Скорсоне Катерина Скорсоне Катерина Скорсоне

Скорсоне вели дека најсреќна била кога била прифатена од други семејства кои имаат дете со Даунов синдром.

„Овие забавни, реални луѓе ги обвија рацете околу нас кога се роди Пипа и нè вовлекоа во најрадосната, најсилната прегратка која некогаш сме ја искусиле“.

„Раѓањето на дете со Даунов синдром е нешто што треба да биде славено, а не да се гледа со страв“ – вели таа.

Катерина Скорсоне Катерина Скорсоне Катерина Скорсоне

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11082 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.