Почетна » Новости » Занимливости » Актерка од „Grey’s Anatomy“ со фотографии од ќеркичката и порака ја подигнува свеста за лицата со Даунов синдром

Актерка од „Grey’s Anatomy“ со фотографии од ќеркичката и порака ја подигнува свеста за лицата со Даунов синдром

Катерина Скорсоне сподели неодоливи фотографии од ќеркичката заедно со своја порака за да придонесе во подигнувањето на свеста за лицата со Даунов синдром. Таа вели дека различностите се убави и дека треба да се внимава на јазикот кога се зборува за Дауновиот синдром.

Катерина Скорсоне и Палома

Скорсоне е позната по улогата на Амелија Шепард во „Grey’s Anatomy“.

Палома

По повод месецот за подигнување на свеста за лицата со Даунот синдром, 36-годишната актерка сподели три фотографии од едногодишната Палома Михаела, а во описот напиша:

Палома Палома

Октомври е месец за подигнување на свеста за лицата со Даунов синдром. Еве ви малку информации: 1 од 700 бебиња се раѓа со Даунов синдром. Зборовите се важни. Родителите немаат 1:700 „РИЗИК“ да имаат бебе со Даунов синдром. Родителите имаат 1:700 „ШАНСА“ да имаат бебе со Даунов синдром, исто како што имаат 50 проценти ШАНСА да имаат девојче или 50 проценти ШАНСА да имаат момче. Разликите се убави. Зборовите го менуваат начинот на кој луѓето размислуваат. Зборовите се важни.

Пораката беше проследена со хаштаговите: #hitthejackpot #theluckyfew #nothingdownaboutit #love.

На една од фотографиите 6-годишната Елиза, сестричката на Палома, ѝ дава да пие од чаша.

Палома

Скорсоне постојано се залага за подигнување на свеста за Дауновиот синдром. Таа редовно објавува и фотографии од својата ќеркичка, а ги споделува и инспиративните приказни кои се шират на социјалните мрежи за лицата со ова нарушување.

На една од фотографиите објавени во минатото, Катерина напиша: „Тој ни испрати мало бебенце за да нè научи како да сакаме“.

Палома Палома Палома Палома Палома Палома
View this post on Instagram

Love is all there is. #miracles

A post shared by Caterina Scorsone (@caterinascorsone) on

Катерина е во брак со актерот Роб Гајлз.

Палома

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.