Почетна » Новости » Занимливости » Мајка на мало бебенце возврати на „советот“ дека НЕ ТРЕБА да носи бикини

Мајка на мало бебенце возврати на „советот“ дека НЕ ТРЕБА да носи бикини

Моќниот одговор на мајка до жената која ѝ држела лекција дека не треба да носи бикини ќе ве исполни со почит.

Лекси Синклер се релаксирала на базен со својот мал син кога ѝ се приближила средовечна жена за да ѝ каже дека мажите не се чувствуваат пријатно кога гледаат мајка во бикини и дека би требало да носи едноделен костим за капење.

Иако постапката на жената ја изненадила Лекси, таа само се насмевнала и ѝ возвратила со инспиративен одговор. Прочитајте го:

Лекси Синклер

Денес го одведов мојот 4-месечен син на базен. Додека му ја ставав на Кристијан капата на глава, жена (на околу 55 години) ми се приближи и започна да разговара со мене за Кристијан. Ме праша за неговата возраст, колку е тежок, како е со спиењето итн.

Потоа продолжи да ми кажува дека на мажите во базенот би им било поудобно доколку носев едноделен костим за капење, затоа што бикините не биле соодветни за мајка, а особено не за мајка која „сè уште се опоравува“.

Сите кои ме познаваат, знаат дека имав што да ѝ плеснам на оваа луда, дрска жена. Но, наместо тоа, јас само се насмевнав, го бакнав син ми и ѝ реков: „Се гордеам со моето тело. За една години јас се поправив 22 килограми, а ослабев 17. Израснав човек во мене и родив прекрасно чудо. Моето тело го снабдуваше моето дете со храна. Така што, не, моето тело можеби не е најдобрата глетка за другите мажи. Моите стрии и насобраната кожа на стомакот можеби не се секси. Но, тие се доказ дека направив нешто неверојатно, и имам маж кој ме сака и за кој сега сум уште посекси и поубава. Да бидам искрена, воопшто не ми е гајле што мислат другите мажи или душегрижниците како тебе. Сепак, имајте убав ден“.

Лекси Синклер Лекси Синклер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.