Почетна » Новости » Занимливости » „Имам стрии и носам бикини“: Фотографија на мајка на 3 деца стана вирален хит

„Имам стрии и носам бикини“: Фотографија на мајка на 3 деца стана вирален хит

Мајка на три деца сподели фотографија на која носи бикини заедно со инспиративна порака и инстантно стана хит.

Имам стрии и носам бикини. Имам стомак кој перманентно е опуштен од тоа што носев три огромни бебиња и носам бикини. Мојот папок е виснат... (претходно мислев дека тоа е невозможно!!) и носам бикини.

Носам бикини затоа што сум горда на ова тело и на секој белег на него. Тие белези докажуваат дека бев благословена да ги износам моите бебиња и тој опуштен стомак значи дека работев напорно за да ослабам колку што можам. Носам бикини, бидејќи единствениот маж чие мислење ми значи, добро знае низ што поминав за да изгледам вака. Истиот тој маж вели дека никогаш не видел нешто посекси од моето тело, со се белези и сè. Покажувајте го телото со гордост!

Рејчел Холис

Рејчел Холис

Рејчел Холис со гордост го покажа своето тело по третата бременост и ги охрабри другите мајки да го направат истото без трошка срам. За кратко време таа го придоби вниманието на илјадници жени кои не штедеа убави зборови.

Нејзината објава на Facebook има над 370.000 лајкови и над 11.000 коментари во кои многу мајки споделуваат фотографии од своите тела во бикини.

„Моето тело никогаш нема да биде како телото на модел на Victoria’s Secret, но сметам дека изгледам добро, а и маж ми сака да се љуби со мене, па тоа значи дека правам нешто како што треба“ – изјавила Холис.

Рејчел ХолисРејчел со своето семејство

Позитивните реакции ја трогнале Холис, која не очекувала толку многу инспиративни и охрабрувачки пораки. Таа вели дека и многу татковци ја разнежниле со позитивни пораки за телата на своите сопруги. „Многу мажи рекоа: Кога и да видам стрии, се потсетувам на тоа што таа направи за нас“ – рекла Холис.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9518 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.