Почетна » Новости » Занимливости » „Зборувај со жената, а не за неа“: Мајка појаснува зошто не треба да им судиме на луѓето пред да поразговараме со нив

„Зборувај со жената, а не за неа“: Мајка појаснува зошто не треба да им судиме на луѓето пред да поразговараме со нив

Сите добро знаеме дека не треба да им судиме на луѓето според изгледот и да озборуваме, но веројатно секој човек на планетата го има направено тоа во одредени моменти.

Познатата блогерка Констанс Хол допре до илјадници мајки со својот текст во кој објаснува зошто не треба да се влечат заклучоци за жените само по нивниот изглед и однесување во јавност, бидејќи не знаеме што се случува зад затворени врати.

Еве ја објавата на Австралијката која има четири деца:

Констанс Хол

Имаше една жена која секој ден ги земаше децата од училиште. Возеше убав автомобил, ја држеше главата исправена високо и секогаш беше со убаво фенирана коса. Зборуваше со префинет акцент, носеше убави алишта (без флеки) и речиси никогаш не зборуваше со мене.

Таму бев јас со извадени дојки додека ги хранев моите бебиња, мирисав како исушено млеко, косата ми беше исплеткана, лицето отечено заради утринското плачење, без обувки...

Изгледаше како таа да е ставена на земјата за да ги преувеличи моите несигурности.

Па, го направив она што многу жени го прават и се обидов да започнам муабет за неа со другите мајки, делумно затоа што ме интригираше, делумно затоа што се надевав дека ќе се почувствувам подобро од себе.

Но, советот на другите мајки ме соочи со реалноста.

ЗБОРУВАЈ СО ЖЕНАТА, НЕ ЗА НЕА.

Па, еден ден одлучив да зборувам со неа.

Дознав дека е поранешна зависничка и држи состаноци за анонимни алкохоличари со цел да им помогне на други жени кои се зависни од алкохол и сакаат да бидат трезни, дознав дека има проблеми во бракот, со нејзините деца и нејзиното здравје, како и сите ние. Дознав дека е милиони работи, но не и сноб.

Таа е една од најинспиративните жени кои ги познавам.

На крајот испадна дека и јас отстрана изгледам самоуверено. Испадна дека додека јас седев таму мразејќи си го животот без самодоверба да поразговарам со прекрасните мајки, тие немале самодоверба да разговараат со мене, тие мислеле дека сум премногу слободна и релаксирана, дека сум премногу кул.

А таа мајка сега е една од моите најдобри пријателки, заедно си ги критикуваме нашите мажи и децата и си се смееме цело време.

Сега, кога сум во ново училиште, знам дека многу луѓе имаат свое мислење за мене и за жал, многу од озборувањата стигнуваат до мене, па сакам да ги потсетам сите мајки...

ЗБОРУВАЈ СО ЖЕНАТА, НЕ ЗА НЕА.

Констанс Хол

Констанс поттикна многу мајки да ги споделат своите приказни. Меѓу нив најсилен е коментарот на мајка која напиша:

Во текот на првото полугодие, со мојот партнер ги носевме двете деца на училиште секој ден навреме. И двете деца добија награди за присуство.

Дојде второто полугодие и ниту еднаш не ги однесовме на училиште ние, туку мојата мајка го правеше тоа. Можете да замислите дека започнаа да се шират гласини (Зошто дадилката ги носи децата на училиште? Дали се случи нешто? Дали изгубија старателство над децата?)

Но, луѓето не знаеја дека се роди нашето бебе Зеке. Зеке не е како нормалните бебиња, Зеке се роди со рак. Па, додека другите мајки озборуваа што ни се случи, моето семејство водеше огромна борба зад затворени врати. Поминавме месеци во болница, а нашето новороденче беше оперирано и на хемотерапија.

Добивме неколку дена надвор од болница, бидејќи Зеке напредуваше. Се извлековме од кревет тоа утро. Ги однесовме децата на училиште како порано и бевме пресретнати со зјапање. Една љубезна мајка дојде да ме праша дали сум добро. Ѝ објаснив сè. Го симнав товарот од градите. Таа дама ми го разубави денот со тоа што постави едно едноставно прашање.

Откако поминав толку време во болница и гледав родители кои се борат зад затворени врати, таа ми покажа дека едно просто прашање „дали си ОК?“ може да ти го промени денот. Знам дека ми го промени мојот, во неколку наврати.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29053 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.