Почетна » Новости » Занимливости » „Драги пријателки без деца, ви благодарам“: Краток и емотивен текст на мајка на 4 деца

„Драги пријателки без деца, ви благодарам“: Краток и емотивен текст на мајка на 4 деца

Констанс Хол е блогерка и мајка на 4 мали деца која редовно им го заробува вниманието на стотиците илјади обожаватели со искрените текстови за мајчинството и брачниот живот.

32-годишната Австралијка во еден од најновите постови им се заблагодари на своите пријателки без деца кои искрено се грижат за нејзините мали палавковци. Прочитајте го нејзиниот краток, но емотивен текст:

Констанс Хол

Драги пријателки без деца,

Има нешто што морам да ви го кажам...

Ви благодарам.

Ви благодарам што ви е гајле за моите деца.

Доаѓате на роденденските прослави на моите деца, не затоа што вашите деца ве свлечкале таму, туку затоа што вистински сакате да дојдете.

Се смеете на приказните за децата со огромна автентичност, не затоа што можете да се пронајдете во нив, туку затоа што сте навистина заинтересирани.

Доаѓате во ресторани прилагодени за деца и јадете спирален чипс додека моите палавковци си играат со вашиот телефон и ви ја превртуваат пијачката, а можете да бидете на некое кул место со милиони кул луѓе кои ве поканиле да излезете.

Доаѓате кај мене дома со интересни стории и ми давате свежа инспирација кога зборувате за можностите кои претстојат. И секогаш имате совети кои ми даваат свеж поглед на нештата.

Некои од вас избравте да немате деца и ви се восхитувам многу.

Некои од вас очајно сакате да имате дете, но наместо да ми љубоморите што јас имам толку многу деца, вие одлучивте да уживате со моите и да ги сакате со целата ваша душа.

Не се сеќавам пред да станам мајка да сум била толку многу љубезна и добра за да жртвувам саботно излегување во кафуле, за да седам на подот од кујната и да играм Твистер со детето на моја пријателка.

Ви благодарам што сте вистински кралици.

Констанс Хол

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11462 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.