Почетна » Новости » Занимливости » Бебенцето со Даунов синдром, кое освои илјадници лица со својата насмевка, стана модел

Бебенцето со Даунов синдром, кое освои илјадници лица со својата насмевка, стана модел

Бебенцето со Даунов синдром, кое пред два месеци нè освои со широката насмевка, стана модел за брендот OshKosh B’gosh.

Ашер Неш Ашер Неш Ашер Неш

Малиот Ашер Неш стана интернет сензација на крајот на октомври, откако мајка му сподели дека тој бил одбиен за учество во реклама од страна на агенција за таленти со објаснување дека компанијата не барала бебе со посебни потреби. Мајката Меган тогаш започна мисија да им ги промени перцепциите на луѓето и да го направи рекламирањето поинклузивно.

Ашер Неш Ашер Неш

„Би сакала од OshKosh да го запознаат мојот син и да го видат она што ние го гледаме во него. Не сакам да го искористат поради вревата која ја креваме на интернет. Сакам да го искористат затоа што го ценат и гледаат колку многу тој може да придонесе во нивното рекламирање. Децата со Даунов синдром и со други посебни потреби се неверојатни човечки суштества и сакаме OshKosh да ни помогне да ги промениме перцепциите на светот“ – рече Меган.

„Ако мојот син и другите лица со посебни потреби не бидат вистински прифатени, не може да има инклузија за нив во иднина. Време е да сфатиме дека ова не е само тренд кој доаѓа и заминува. Тие се тука засекогаш“ – додаде таа.

Сега, само два месеци подоцна, Меган може да се пофали со успех, бидејќи нејзиниот син официјално е модел за OshKosh B’gosh. Малото момче е новото лице од празничната кампања на брендот.

Ашер Неш

„Чувствувам многу емоции откако ја видов рекламата. Си поставив мисија да ја подигнам свеста на тема со која се соочуваме во светот денес и луѓето не само што го забележаа тоа, туку и тие сакаат да ја подигнат свеста и да направат промена“ – рекла Меган и додала дека е многу горда на својот син.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.