Почетна » Новости » Занимливости » Бебенце со Даунов синдром освои илјадници срца откако беше одбиено за учество во реклама

Бебенце со Даунов синдром освои илјадници срца откако беше одбиено за учество во реклама

Слатко бебенце со Даунов синдром стана интернет сензација откако мајка му сподели фотографии на кои тоа позира со насмевка на лицето.

Ешер Неш

Малиот Ешер Неш бил одбиен за учество во реклама од страна на агенција за таленти со објаснување дека компанијата не барала бебе со посебни потреби. Сега мајка му Меган, заедно со организацијата „Changing the Face of Beauty“ има мисија да ги промени перцепциите кај луѓето за убавината, да го направи рекламирањето поинклузивно и да го натера брендот OshKosh B’gosh да го вклучи 16-месечниот Ешер во своја кампања.

Ешер Неш Ешер Неш

Фотографиите од Ешер беа споделени на Facebook страницата „Kids with Down Syndrome“ и за кратко време се распростанија на социјалните мрежи. Објавата има повеќе од 125 илјади споделувања и повеќе од 100 илјади допаѓања.

Ајде да направиме промена, споделете го ова за да го видат Ешер! Ова убаво момче е подготвено да му покаже на светот што значи „Changing the Face of Beauty“ (Менување на лицето на убавината). Кога мајка му на Ешер го пријавила на повик за кастинг, ѝ било кажано дека компанијата не „побарала бебе со посебни потреби“. Ајде да откриеме како може да стане модел за OshKosh B’gosh и да му покаже на светот од што е направен!

Kids with Down Syndrome

Откако објавата стана хит на социјалните мрежи, мајката Меган во интервју рекла дека нејзиниот син ги исполнувал критериумите наведени во повикот за кастинг за „големина, боја на очите и косата“, па откако ѝ било кажано дека брендот не барал дете со посебни потреби, таа ги запрашала: „Дали тие кажаа дека не бараат бебе со посебни потреби?“ На тоа од агенцијата ѝ одговориле: „Не, не кажаа ништо“.

„Мојот син секој ден ги носи вашите алишта“ – им возвратила Меган.

Ешер Неш Ешер Неш Ешер Неш Ешер Неш

Целта на Меган е да го промени начинот на рекламирање од страна на брендовите за да придонесе лицата со посебни потреби вистински да бидат прифатени.

„Би сакала од OshKosh да го запознаат мојот син и да го видат она што ние го гледаме во него. Не сакам да го искористат поради вревата која ја креваме на интернет. Сакам да го искористат затоа што го ценат и гледаат колку многу тој може да придонесе во нивното рекламирање. Децата со Даунов синдром и со други посебни потреби се неверојатни човечки суштества и сакаме OshKosh да ни помогне да ги промениме перцепциите на светот“ – вели Меган.

„Ако мојот син и другите лица со посебни потреби не бидат вистински прифатени, не може да има инклузија за нив во иднина. Време е да сфатиме дека ова не е само тренд кој доаѓа и заминува. Тие се тука засекогаш.“ – додава таа.

Ешер Неш Ешер Неш

Многу модни и детски брендови веќе работат на инклузија на овие лица во своите кампањи.

Инаку, октомври е месец за подигнување на свеста за лицата со Даунов синдром.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.