Почетна » Новости » Животни стории » „Драга неплодност, те мразев, но не повеќе“: Емотивен текст на жена која 6 години се обидувала да стане мајка

„Драга неплодност, те мразев, но не повеќе“: Емотивен текст на жена која 6 години се обидувала да стане мајка

Блогерка, која шест години се борела со неплодноста пред да стане мајка на тројка, напиша емотивен текст во кој го опишува своето патување до мајчинството.

Десири Фортин редовно споделува текстови со цел да ги охрабри сите оние кои го минуваат истиот трнлив пат како неа и да им порача дека не се сами. Во писмото до неплодноста, таа накратко ги опишува нејзините најтешки битки пред да стане мајка.

Десири Фортин

Драга неплодност,

Те мразев. Ти крадеш соништа. Кршиш срца. Носиш тага. Голташ животи.

Ти си причината што не можев да забременам без интервенција. Ми го удави срцето во мизерија поради неспособноста да станам мајка како повеќето жени. Ми кажа дека моето тело не е доволно добро.

Можеби беше огромен дел од мојата приказна, но никогаш не ме дефинираше. Јас ти удрив клоца. Те поразив. Ти покажав дека има победа во неплодноста и Бог конечно засади живот во мојата утроба.

Неплодност, ти донесе многу нешта со себе кога влезе во мојот живот. Не беше само тоа што не можев да забременам. Ми донесе повеќе солзи отколку што некогаш помислував дека можам да пролеам.

Поради тебе лежев на подот во бањата во целосна празнотија по безброј негативни тестови за бременост, повторно, и повторно. Морав да истрпам инјекции, модрици и секакви видови лекарства, бидејќи кога си неплодна и бараш третман за неплодноста, тоа е она што го добиваш.

Скапа си и носиш психичко, емоционално и ментално истоштување. Неплодност, ти ми го удави срцето во разочарување и агонија. Да бидам искрена, беше многу болно секојпат кога некој друг ќе речеше „Бремена сум“, а тоа не бев јас.

И пак, во сето ова, ти ми донесе надеж.

Колку и да те мразам неплодност, јас ти сум и благодарна што беше дел од мојата приказна. Ти ме направи силна. Дури и пред да забременам, мојата сила растеше. Не само што се чувствував како супержена по сите тие инјекции, лекарства, земања на крв, лекарски посети итн. туку јас пронаоѓав и емоционална сила. Научив како да бидам храбра и да чекорам низ нашата приказна со верба, верувајќи дека Бог го знае секој детаљ подобро од мене.

Научив како да бидам храбра додека сопругот ми ставаше инјекција со прогестерон која не можеш ни да поверуваш колку многу болеше, секоја вечер цели два месеци за јас да можам да забременам и да ја задржам бременоста.

Неплодност, ти ме научи дека не сум сама дури ни во моите најтемни денови. Никогаш не помислував дека ќе бидам етикетирана како „неплодна“. Ниту дека некогаш ќе барам третман за неплодност. И покрај сè, неплодност, ти си причината што им сум мајка на Шарлиз, Соер и Џекс.

Оваа љубов која ја имам кон нив е апсолутно непобитна. Тоа е најдоброто чувство на светот и ако ти не беше дел од мојата приказна, ќе ја пропуштев почесната улога да бидам нивна Мама. Поради тебе всадија во мојата утроба два скапоцени и совршено направени ембриони.

Неплодност, Бог те искористи тебе во мојот живот за да направи платформа за мојата приказна да стигне до срцата на луѓето кои минуваат низ истата болка. Поради тебе имам поголемо разбирање за тоа што навистина е надеж.

Неплодност, не те мразам, не повеќе. Бог создава убавина од пепел. Ти беше мојата пепел, но Бог те направи убава. Ако не беше ти и екстремната болка што ми ја предизвика, лагите што ми ги кажа, тагата што му ја нанесуваше на моето срце повторно, и повторно, јас никогаш немаше да разберам како изгледа надежта како што сега знам.

Надежта не разочарува. Надеж е да се има верба во она што навидум е невозможно. Да се верува во Бог кога се чувствуваш безнадежно. Моето патување до родителството не беше ништо друго освен надеж.

Неплодност, денес, кога навистина ќе се навратам на тие години во кои беше дел од мојот живот, сè што можам да ти кажам е „Благодарам!“.

Десери и нејзиниот сопруг Рајан денес се родители на две синчиња и една ќерка, кои пред неколку дена го прославија третиот роденден.

Десири Фортин Десири Фортин Десири Фортин Десири Фортин Десири Фортин Десири Фортин Десири Фортин Десири Фортин Десири Фортин Десири Фортин Десири Фортин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11076 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.