Почетна » Новости » Животни стории » „Знајте дека не сте сами“: Писмо од мајка на три бебенца која со години се соочувала со неплодност

„Знајте дека не сте сами“: Писмо од мајка на три бебенца која со години се соочувала со неплодност

Мајка на три бебенца, која со години се соочувала со неплодност, го сподели своето искуство во отворено писмо за Today. Таа им порача на сите парови кои минуваат низ истото да не губат надеж и секогаш да имаат на ум дека не се сами.

Десири и Рајан Фортин Десири и Рајан Фортин

Десири и Рајан Фортин шест години се обидувале да добијат дете и најпосле се одлучиле за оплодување со ин витро постапка. Тоа било троен успех, зашто Десири забременила со тројка. Пресреќниот пар одлучил да го крие бројот на бебиња од своите најблиски, кажувајќи им дека очекува близнаци. Откривањето на големата тајна се случило на собир по повод соопштувањето на половите на бебињата и беше документирано со видео кое стана вирален хит.

Денес бебињата имаат по 4 месеци – едното од нив е девојче, Шарлиз Хоуп, а двете момчиња, Соер Рид и Џекс Рајан, се идентични близнаци. Еве го писмото на нивната мајка Десири:

Нашите мали ангели се најскапоцениот подарок. Моето срце е преполно кога ќе помислам дека сега сме петочлено семејство.

Откако се родија бебињата, нашиот живот е луд, полн со обврски и авантури. Сè уште не ми се верува дека Бог ми даде не едно, туку три мали човечиња со кои секојдневно ќе го делам мојот живот. Обожавам кога добивам насмевки од моите бебиња и кога ги гледам како растат. Тонам во љубов кога зјапам во нив, а срцето ми се полни со благодарност што се тука.

Да бидам нивна мајка неспорно е најголемата работа на светот, но моето патување не беше лесно. Имаше безброј денови кога лежев на подот од бањата, липајќи поради негативниот тест за бременост или неуспешниот третман за зачнување. Но, вредеше секоја солена солза кога конечно станав родител.

Никогаш нема да го заборавам денот кога ги родив. Како сите нешта поврзани со родителството, имаше неочекувани пресврти. Откако се родија бебињата, Рајан замина со нив во одделот за неонатална интензивна нега, а јас бев испратена да се одморам.

Настанаа компликации и започнав да крварам, за што мораше веднаш да ми биде направена операција. Не бев способна веднаш да ги посетам моите бебиња на одделот за неонатална интензивна нега, па Рајан ми правеше видеа од нив и ми ги покажуваше преку видео врска на телефонот за да можам да ги видам. Сестрите ми даваа ќебиња за да спијам со нив, а потоа им ги носеа на бебињата за да им ја пренесат мојот мирис.

Кога конечно дојде време да ги видам, срцето ми беше полно со очекувања. Тоа беше еден од најубавите мигови во мојот живот – момент кој ќе го ценам засекогаш.

Десири и Рајан Фортин

Родителството е сè што сум замислувала, а истовремено и ништо од она што сум го замислувала. Љубовта која експлодира во моето срце за Џекс, Соер и Шарлиз е многу поголема од сè што сум почувствувала. Радоста да се грижам за моето мало трио е огромна и ја навистина ја ценам мојата улога како родител.

Благословени сме, но родителството исто така е тешка работа, полна со најголемите обврски – грижа за мали човечиња.

Постои голем притисок да бидам добра мајка – совршена мајка. И ако треба да бидам искрена, нештата се потешки одошто очекував. Западнав во тешка депресија и анксиозност, што понекогаш звучи засрамувачки.

Но, во краткото време откако сум мајка, сфатив дека најтешкиот дел од родителството често е оној за кој не разговараме. На крајот на краиштата, сите го правиме она што е најдобро за нашите бебиња. Не се работи за тоа дали доиме или сме избрале шише, дали ќе прифатиме вакцинација или не, туку за тоа да им бидеме најдобри мајки што можеме на нашите деца. Многу е важно мајките да се поддржуваат заемно наместо да се растажуваат меѓусебно и да се осудуваат.

Никогаш не помислував дека Бог ќе ја искористи нашата приказна за да допре до толку многу луѓе. Искуството е неверојатно. Моето срце е со многуте жени кои ми испраќаат пораки во кои ги споделуваат своите борби со неплодноста, мило ми е што можам да им понудам љубов и надеж на оние кои очајно сакаат да држат свое бебе во рацете.

Моето срце тажи со оние кои ги чекаат своите мали чуда. До оние кои го чекаат своето бебе-чудо: Бидете храбри и не губете надеж. Неплодноста не е лесна, но вие сте силни и храбри. Секој има своја приказна и понекогаш е тешко да ги разбереме господовите патишта, но тие се прекрасно и сложено создадени. Имајте верба во вашето патување и знајте дека не сте сами.

Десири и Рајан Фортин Десири и Рајан Фортин Десири и Рајан Фортин Десири и Рајан Фортин Десири и Рајан Фортин Десири и Рајан Фортин Десири и Рајан Фортин Десири и Рајан Фортин Десири и Рајан Фортин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.