Почетна » Новости » Актуелно » Македонскиот уметник Зоран Кардула ѝ посвети постер на малата Нина која продаваше крофни за лекувањето на татко си

Македонскиот уметник Зоран Кардула ѝ посвети постер на малата Нина која продаваше крофни за лекувањето на татко си

Нина Нинковиќ недискутабилно го освои целиот Балкан. 11-годишното девојче, кое продаваше крофни за да заработи за лекувањето на татко си, стана хит и го допре срцето и на Зоран Кардула.

Македонскиот уметник и графички дизајнер ѝ посвети постер на „девојчето со крофните“.

„’Нина девојчето со крофните’ морав да ѝ направам постер како благодарност за нејзината љубов и борба да собере пари за лекување на својот татко.Испратена припремата за Нови Сад и Нина ќе го добие постерот“ – напиша Кардула при објавата на постерот.

Сега, тој сподели дека Нина го доби постерот и пресреќна позираше со истиот.

Таткото на Нина замина на лекување во Москва, благодарение на средствата кои беа собрани од огромната продажба на крофни во Нови Сад.

Нина започна со продавање на само неколку крофни на улицата пред нивниот дом, а заврши со активен штанд на главниот плоштад, продавајќи по илјадници слатки дневно.

Нина Нинковиќ Нина Нинковиќ Нина Нинковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11253 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.