Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Летото завршува – како да го победите лошото расположение?

Летото завршува – како да го победите лошото расположение?

Летото е најрелаксираниот и најзабавниот период од годината и неговото завршување секогаш предизвикува тага и лошо расположение. Самата помисла на новата учебна година, зимниците, дебелата облека и дождливите мрачни денови нè фрла во депресивно расположение. Но, тагувањето по безгрижните релаксирани денови нема да ви го направи животот поубав.

Среќна женаКрајот на летото не значи и крај на забавата

Време е за прилагодување, време е да го оставите летото зад себе со позитивни мисли. А еве што може да ви помогне да го направите тоа:

  1. Поставете си ги убавите спомени од летото пред очи. Фотографиите од вашиот летен одмор не треба да останат закопани во некоја папка на вашиот компјутер. Изберете си две најинтересни, испечатете ги и ставете ги во рамки. Поставете ги на вашето биро. Ставете една фотографија и како позадина на компјутерот. Секогаш кога ќе ги гледате фотографиите, во вас ќе надоаѓаат позитивни емоции.
  2. Слушнете ја вашата „среќна песна“. Летните хитови најчесто се забавни и предизвикуваат среќни разиграни емоции. Пронајдете го музичкиот хит кој ве исправуваше на нозе ова лето и слушнете го неколку пати.
  3. Преуредете ја вашата гардероба. Крајот на летото е идеален период за да започнете да го преуредувате плакарот. Извадете ги сите летни парчиња облека кои нема да можете да ги користите за есенските комбинации. Извадете ги и оние парчиња облека кои ги немате носено веќе 2-3 години и размислете на кого можете да му ги подарите.
  4. Научете да плетите. Побарајте од вашата баба да ве научи да плетите. Така ќе научите нешто ново и ќе имате со што да се занимавате кога ќе ве нападнат негативните мисли, а освен тоа ќе ја збогатите вашата облека. Нè очекуваат студени денови, па нема да ви е на одмет да имате во плакарот едно дополнително шалче или џемперче. Плетената облека си останува жежок тренд и за претстојната сезона.
  5. Наспијте се. Недостатокот на добар сон предизвикува промени на расположението. За да не се иритирате од сè што се случува околу вас, наспијте се 8 часа. Така ќе бидете поодморени, поконцентрирани и порасположени.
  6. Фокусирајте се на она што го направивте во текот на летото, а не на неостварените планови. Многумина се чувствуваат лошо затоа што не успеале да направат сè што планирале за летото. Можеби не успеавте да ги посетите сите места што сакавте да ги видите? Или не успеавте да доживеете жешка љубовна авантура? Во секој случај, сега треба да се фокусирате на сè она што го доживеавте во текот на летото и да ги оставите неостварените планови за наредната година.
  7. Најдете си есенски замени за летните активности. Обожававте да трчате во паркот? Сега побарајте каде се одржуваат интересни часови по Зумба, Тае Бо или јога. Есента е одлична за учење. Започнете да учите нов јазик или купете си нова книга.
  8. Останете активни надвор. Сончевата светлина е ваш сојузник во борбата со лошото расположение. Не се затворајте дома, дури и да сте презафатени. Издвојувате по 20 минути дневно за да фатите колку што можете повеќе зраци од срамежливото есенско сонце.
  9. Организирајте последна летна забава. Повикајте ги најблиските пријатели и пригответе свежи летни коктели. Исечкајте летно ладно овошје и пуштете забавна музика. Облечете го омиленото летно фустанче и наздравете за убавото лето.

Крајот на летото не треба да значи крај на забавата!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.