Почетна » Здравје » Совети за здравјето » ВОДИЧ: Како полесно да ги поднесете жешките летни денови?

ВОДИЧ: Како полесно да ги поднесете жешките летни денови?

Летото пристигна со полна сила и тропските температури започнуваат да влијаат на нашето секојдневие. Колку и да го сакаме летото, жештината понекогаш станува неподнослива и нè истоштува. Па, подготвивме водич со основните препораки и корисни совети кои ќе ви помогнат полесно да ги поднесете високите температури и да ги избегнете здравствените проблеми кои може да ги предизвика жештината.

Убава среќна девојка
  1. Бегајте од сонцето. Во текот на најжешкиот период од денот (11 до 17 часот) се препорачува да се движите во затворени и по можност климатизирани простории. Сите обврски и задачи завршувајте ги наутро или попладне кога температурите се пониски, а сончевите зраци понежни.
  2. Ако патувате со автобус или автомобил, задолжително земете со вас мало шишенце со ладна вода. Транспортните возила, особено оние без клима уред, го ограничуваат пристапот до доволно воздух и поради зголемената топлина повеќе го дехидрираат телото.
  3. Кога возите автомобил на подолги релации, не заборавајте да ја заштитите вашата лева страна од телото. Возачите ја изложуваат на сонце левата страна од телото додека се зад воланот. Ако треба да возите на подолги релации, добра идеја е да користите лосион со заштитен фактор.
  4. Додека пешачите, колку што е можно повеќе движете се под сенка. Дури и да треба да поминете неколку метри повеќе и да заобиколувате, изберете да се движите под сенка за да го избегнете директното изложување на сонце.
  5. Носете светла лесна облека. Во текот на денот носете светла широка облека од пријатни материјали кои ќе ѝ дозволуваат на кожата да дише. Избирајте сукњи пред панталони.
  6. Носете сламен шешир и очила. Кога се изложувате на сонце, носете сламен шешир. Не носете капи кои само ќе ви создаваат дополнителна топлина. Телото најмногу се лади преку главата, па сламените шешири се многу добар избор. Очилата за сонце ги заштитуваат очите и нежната кожа околу очите, па не излегувајте од дома без нив.
  7. Ограничете ја физичката активност во текот на денот. Бидете колку што е можно помалку активни, особено во периодот од 12 до 16 часот, затоа што лесно ќе се заморите и може да дојде до истоштување на телото. Чувајте си ја енергијата.
  8. Вежбајте или рано наутро или доцна попладне. Бидете ранобудни и започнете го денот со вежбање или пак одложете ја физичката активност за по 18 часот. Во тие периоди ќе имате повеќе енергија.
  9. Кога знаете дека ќе бидете изложени на сонце, користете крем со минимален заштитен фактор 15. Премачкајте го лицето, рацете и рамената, односно оние делови од телото до кои знаете дека сонцето допира најмногу.
  10. Пијте многу течности, пазете се од дехидратација. Дури и да не сте жедни, консумирајте ладни течности во текот на целиот ден. Избегнувајте го кафето и алкохолот, затоа што тие го дехидрираат телото. Најдобар избор секогаш останува водата.
  11. Не пијте екстремно ладна вода. Ако консумирате преладни пијалоци, може да завршите со грчеви и болки во стомакот. Освен тоа, никогаш не треба да пиете премногу ладни пијалоци ако сте биле изложени долго време на сонце, бидејќи тоа е шок за затопленото тело.
  12. Прескокнете ги газираните сокови. Газираните сокови додека се ладни делуваат многу освежително и можат моментално да ја изгаснат вашата жед, но шеќерот кој е присутен во нив по кратко време ќе предизвика да бидете пожедни од претходно.
  13. Ако потите засилено, имајте на ум дека губите многу минерали. Во таков случај, добро е да консумирате таблети со минерали и/или да внесувате повеќе овошје и зеленчук.
  14. Консумирајте лесни оброци. Жешкото го намалува апетитот, но не треба поради тоа да ги прескокнувате оброците. Едноставно заменете ги тешките оброци со салати и овошје. На тој начин ќе го зголемите внесувањето на течности и ќе ја спречите дехидратацијата, а истовремено ќе внесете доволно витамини и минерали.
  15. Кога сте дома, престојувајте во најстудениот дел во домот. Тоа обично е собата која е на северната страна. Ако живеете во куќа, подобро е да престојувате на долниот кат.
  16. Покријте ги прозорците во текот на денот. Чувајте ги ролетните спуштени. Ако преку прозорецот влегува многу сонце и немате ролетна, прекријте го прозорецот со бела крпа или чаршаф. Подигнете ги ролетните и отворете ги прозорците кога жештината ќе одмине.
  17. Елиминирајте ги изворите на топлина. Светлата во домот создаваат топлина, па вклучувајте ги само кога навистина е потребно. Дополнителен извор на топлина се рерните и шпоретите. Избегнувајте го готвењето на нив во текот на жешкиот дел од денот. Гответе или навечер или наутро.
  18. Разладувајте си го лицето со ладна вода. Од време на време измијте го лицето со ладна вода. Не само што ќе се разладите, туку и ќе ја отстраните потта и ќе ја зголемите циркулацијата на крв, а со тоа ќе го подобрите изгледот на вашата кожа.
  19. Ставете ги зглобовите на рацете под ладна вода. На секои 2-3 часа одете до чешмата и ставете ги пулсните точки под млаз ладна вода. Ова е одличен начин за разладување кој можете да го практикувате насекаде.
  20. Ставете си влажна крпа или марама на вратот. Ако се чувствувате изнемоштени, ставете влажна крпа на задниот дел на вратот. Веднаш ќе почувствувате олеснување.
  21. Разладувајте се со распрскувач. Ставете вода во шише со распрскувач и повремено прскајте се по нозете, рацете и лицето.
  22. Туширајте се редовно со млака вода. Не се туширајте со премногу ладна вода, затоа што на тој начин ќе го разладите телото само моментално. По 10-15 минути може да ви стане уште пожешко. Туширајте се со млака вода и за да не го шокирате телото.
  23. Спијте со отворен прозорец, но само ако е безбедно. Не ризикувајте да спиете со отворен прозорец ако знаете дека некој лесно може да влезе преку него. Поставете заштитна мрежа за да ги избегнете непријатните комарци кои можат да ви го нарушат сонот многу повеќе отколку што тоа го прави жешкото време.
  24. Не заборавајте на повозрасните лица. Тие се најзасегнати од топлото време, па барем двапати дневно проверувајте дали се чувствуваат добро.
  25. Во никој случај не оставајте бебе, дете или животно во автомобил во жешките часови. Дури и да се работи за кратко време, последиците можат да бидат фатални.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.