Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » Вежбањето и жешкото време

Вежбањето и жешкото време

Кога температурите го достигнуваат својот врв, вежбањето надвор може да претставува закана за вашето здравје. Заштитете се од жешкото време со тоа што ќе носите соодветна облека за вежбање, ќе пиете доволно течности и ќе останете дома кога надвор е најжешко.

Како жешкото време влијае на вашето тело?

Вежбањето и жешкото време
Пијте доволно течности додека вежбате, дури и ако не чувствувате жед.

Вежбањето кога времето е жешко, им создава поголем стрес на вашето тело и на вашите бели дробови. Самите вежби и високата температура допринесуваат за зголемување на вашата телесна температура.

Кога ви е жешко, повеќе крв циркулира низ вашата кожа. Поради тоа помалку крв останува за мускулите и вашиот срцев ритам се забрзува. Ако влажноста на воздухот е голема, вашето тело доживува уште поголем стрес. Во таков случај, потта не може да продира слободно низ кожата и тоа доведува до зголемување на вашата температура.

Во нормални околности, вашата кожа, крвните садови и дишењето се приспособуваат на жештината. Но, кога е премногу жешко или има висока влажност на воздухот, овие заштитни системи може да не функционираат. Резултатот од тоа може да биде изнемоштеност или полошо, мозочен удар.

Како да се заштитите од жешкото време?

За да го одржувате вашето тело во нормала, додека вежбате на жешко време, потребно е да ги следите следните совети:

  1. Започнете полека. Ако сте навикнати на вежбање во затворени простории или на поладно време, започнете полека. Како што вашето тело се привикнува на жешкото, постепено зголемувајте го времетраењето и интензитетот на вежбањето.
  2. Пијте многу течности. Пијте доволно течности додека вежбате, дури и ако не чувствувате жед. Ако планирате да вежбате подолго време или поинтензивно, не е лоша идеја да консумирате спортски пијалоци. Овие пијалоци ќе ги обноват содиумот и калиумот, изгубени со потењето.
  3. Облекувајте се соодветно. Лесна облека, која овозможува потење на телото и продирање на воздух е неопходна ако сакате да бидете физички активни кога температурите се високи. Избегнувајте темни бои, кои ја апсорбираат топлината.
  4. Избегнувајте да вежбате на пладне. Вежбајте наутро или приквечер, кога надвор е поладно. Ако имате можност, вежбајте секогаш под сенка или во базен.
  5. Користете крем за заштита од сонце. Изгорениците од сонце, ја намалуваат способноста на телото само да се лади.

Кога да се откажете од вежбањето?

Вежбањето во жешко време може да биде исцрпувачко. Прекинете со вежбање и одете на поладно место, ако ги имате овие симптоми:

  • малаксаност;
  • главоболка;
  • вртоглавица;
  • грчеви во мускулите;
  • гадење или повраќање;
  • забрзан пулс на срцето.

Физичката активност е многу важна, но не дозволувајте вежбањето на жешко време да го влоши вашето здравје.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.