Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 12 мали нешта кои ќе ви донесат поубав ден

12 мали нешта кои ќе ви донесат поубав ден

Животот е убав ако си го направите таков. Навистина, понекогаш светот не е убаво место за живеење, но тоа не треба да ни биде изговор да не се обидуваме да го направиме подобар за нас и за луѓето околу нас.

Среќна женаЖивотот е убав само ако си го направите таков

Разбудете се со увереност дека новиот ден ќе ви биде поубав од претходниот и постигнете го тоа со помош на следните мали совети кои ќе ви донесат големо задоволство:

  1. Разбудете се половина час порано. Планиравте да станете во 8 часот? Наместете аларм за будење во 07:30. Се вели: „Од спиење – нема спомени“. И навистина е така. Не си велете „Ех, можев да поспијам половина час повеќе“, туку кажете си: „Убавиот ден ќе ми трае половина час подолго“.
  2. Станете од другата страна на креветот. Секогаш станувате од левата страна? Денес станете од десната. Луѓето ги мразат рутините. Малите промени можат несвесно да ви го подобрат расположението.
  3. Поставете си мисија да не лажете. Сите лажат – некои повеќе, некои помалку. Поминете барем еден ден без да кажете лага, без да ги лажете другите, без да се лажете себеси. Ќе бидете порелаксирани и ќе имате едно нешто помалку за да се грижите. Често една лага води до нова и нова и нова... Прекинете го тој лош круг и радувајте се на својата искреност.
  4. Издвојте 10 минути повеќе за вашиот изглед. За да бидете сигурни дека самодовербата ви е на високо ниво, потребно е да се чувствувате добро во своето тело и да сте задоволни од вашиот изглед. Нема да се чувствувате убаво ако сте немале време да си ја измиете косата или ако сте биле принудени да излезете без шминка. Затоа, издвојте си 10 минути повеќе и финиширајте го вашиот изглед. Ако знаете дека изгледате убаво, така ќе се чувствувате и однатре.
  5. Дајте си комплимент пред огледало. Пред излегување, потсетете се колку убаво лице имате, колку добра модна комбинација сте направиле, колку симпатична насмевка поседувате и сл.
  6. Ставете си удобни чевли. Тешко ќе можете да останете позитивни и расположени цел ден ако ве болат стапалата или ако ве измачува плускавица. Ако сакате да имате убав ден, прескокнете ги чевлите кои обожавате како ви стојат, но кои врескаат „Трпи за убавина“.
  7. Излезете од дома со позитивен став. Додека го преминувате прагот на вашиот дом, кажувајте си дека денес ќе биде убав ден и дека ве очекуваат многу убави работи.
  8. Во жежок ден, купете си сладолед. Нема ништо подобро од разладувањето со омилениот сладолед. Заборавете на калориите и уживајте.
  9. Стремете се да бидете подобри, а не совршени. Тежнеењето кон перфекционизам е проследено со стрес и грижи, а често раѓа и незадоволство од себе и сопствените постигнувања. Вашата цел треба да биде да станувате сè подобри и подобри, а не да се обидувате да го достигнете недостижното совршенство.
  10. Посветете си еден час од денот само на себе. Земете интересна книга која нема да можете да ја оставите без да прочитате 10 страници плус, ислушајте ја омилената плејлиста додека не мислите апсолутно на ништо друго освен на мелодијата и текстовите на песните, направете си маникир и педикир или пак едноставно не правете ништо.
  11. Научете се да игнорирате. Луѓето се склони да примаат сè што се случува околу нив и премногу се фокусираат на нешта кои им носат само негативна енергија и фрустрации. Па, треба да се научите да игнорирате. Игнорирајте ја дискусијата за политика на вашите колеги, игнорирајте ја познаничката која намерно се фали со своите „големи“ постигнувања за да направи да изгледате неуспешни. Игнорирајте ги работите кои не го заслужуваат вашето внимание, а кои само непотребно ви создаваат вознемиреност и нервоза.
  12. Дајте му комплимент на некој што не го очекува. Ако во вашата средина никој не си дава комплименти, тоа не е причина вие да не започнете. Туку така, одненадеж, дајте му на некого комплимент. Зад неговото првично изненадување, ќе видите голема радост и благодарност. Признајте колку сакате некој друг да го направи истото за вас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10621 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.