Почетна » Здравје » Алтернативна медицина » 10 природни лекови од кујната

10 природни лекови од кујната

Повеќето од нас се навикнати при појавата на првиот знак на настинка или болка да трчаат по лекови. Некои дури чуваат дома стотици апчиња, кремови или течности за лекување. Но, пред да скокнете до вашата мала приватна аптека, можете да се обидете да го решите проблемот по природен пат.

Интересот на луѓето кон природните лекови кои можат да се најдат во кујната постојано расте, затоа што тие можат да ги заменат вештачките лекови и да ви помогнат ако имате мал здравствен проблем, без да предизвикаат несакани ефекти.

Убод од комарец

За да го намалите непријатното и досадно чешање од убодот на комарец, земете презреана банана и ставете дел од нејзината лушпа врз местото на убодот. Лушпата од банана помага и при убоди од други инсекти.

Егзема

Маслиново маслоМаслиновото масло може да помогне при егзема

Премачкајте ја обилно засегнатата кожа со маслиново масло. Така ќе создадете слој кој нема да ѝ дозволи на кожата да се суши. Доколку егземата е посериозна, врз премачканата кожа ставете најлонска фолија и оставете ја во текот на ноќта.

Инфекција на мочните патишта

За да ја олесните болката од уринарна инфекција како цистит, измешајте ¼ кафена лажичка сода бикарбона со 250ml вода и испијте ја течноста. Правете го ова при појавата на првите знаци на инфекцијата и практикувајте го еднаш дневно додека не забележите подобрување или додека не започнете да примате антибиотици.

Исто така и пиењето на сок од боровинки може да ви помогне, затоа што содржи супстанции кои ја сопираат активноста на Escherichia coli, бактеријата којашто често предизвикува цистит. Домашниот сок од боровинки е многу подобар од купечкиот.

Гадење

Ѓумбирот може да го ублажи како гадењето што се појавува кај некои луѓе додека патуваат, така и утринското гадење кај бремените жени. За да направите чај од ѓумбир, ставете една супена лажица свеж ѓумбир во врела вода, оставете го да стои 10 минути и потоа прецедете ја течноста. Бремените жени може да јадат бисквити од ѓумбир.

Гребнатинки и исеченици

Ако се изгребете или пресечете, на малата рана нанесете мед. Медот ќе ги спречи бактериите да се развиваат и ќе ја дезинфицира раната. Кога ќе се исуши медот, тој ќе делува како природен фластер.

Непријатна миризба од телото

Доколку од вашите пазуви или нозе се шири непријатна миризба, нанесете врз нив мало количество сода бикарбона. Таа делува како природен антиперспирант и го намалува количеството на излачена пот во текот на денот.

Габички на стапалата (атлетско стапало)

Појавата на инфекција на кожата на стапалата се нарекува уште и Атлетско стапало, затоа што најчесто се среќава кај спортисти. За да ја ублажите оваа непријатна состојба, наполнете леген со вода и на секој половина литар вода додајте по 2 кафени лажички сол. Потопувајте ги стапалата во солена вода 5-10 минути дневно. Така ќе се создаде непријателска средина за габичките, ќе се намали потењето и ќе омекне кожата.

Несоница

Жена што пие млекоНапијте се една чаша топло млеко за да се релаксирате и побрзо да заспиете

За да се опуштите пред спиење, напијте се чаша топло млеко. Зачинете го млекото со малку цимет и една лажичка мед. Нема поприроден и подобар начин да се релаксирате пред да потоните во длабок сон.

Главоболка

Маслото од нане може да ви помогне да ја намалите главоболката. Наполнете длабок сад со ладна вода. Во него ставете 5-6 капки масло од нане и потопете една крпа. Исцедете ја крпата и ставете ја врз челото. Чувајте ја облогата 10-15 минути.

Настинка

Добро познато е дека лукот може да ве заштити од настинка и дури и да ве излечи кога ќе се појават првите симптоми. Колку порано интервенирате, толку подобро. Земете 2 чешниња, потопете ги во мед и изџвакајте ги. Или пак, земете 2 чешниња лук, додајте малку топла вода и мед, истолчете ги и голтнете ја смесата без да џвакате.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.