Почетна » Забава » Слободно време » Пакетчето од Дедо Мраз за шопингхоличарката

Пакетчето од Дедо Мраз за шопингхоличарката

Мила моја,

Твоето новогодишно пакетче штотуку пристигна. Побрзо од што очекуваше, нели? Во твоја корист оди фактот дека само една локација на светот, ја обединува реализацијата на твоите желби.

Соодветна температура за бараното расположение, во овој период од годината има во Персискиот Залив. Благи температури, топло море, идеални услови за на плажа (фактор 50).

За подобро да се адаптирате на разликата во температура и време, Чак Норис и Expendables 2 ќе ве чекаат на најсофистицираниот лет, технолошки беспрекорен, удобен како омилениот фустан. Дали мислиш дека 800 часа забава, филмови, телевизија, музика и игри се доволен избор за кои било деца да отседат 300 минути на едно место?

Газењето по црвени, длабоки и меки теписи ќе ви стане препознатлива рутина, а најлуксузните хотели на светот и нивниот персонал ќе ви пружат таква услуга, со која ќе се почувствуваш како да си во роднински врски со кралското семејство.

Доколку ги напуштиш стереотипите и бидеш експедитивна во пакувањето, ќе го фатиш периодот на првиот месец од 2013 година, и ќе влезеш во рајското царство за секој шопингхоличар. Прошетај по Авенијата на модата и сите производи на светските брендови ќе ги гледаш со поинакви очи. Одблиску. Низ кесите во твоите раце.

Мажот на твојот живот ќе добие шанса да те воодушеви од изборот на злато и скапоцени камења на Голд Соук пазарот, но остави го да се докаже во преговорите за цената. Опциите се отворени, а мажите и трошењето пари за накит имаат историска врска.

Знам дека побара 100 различни кујни, но понудата од 180 традиционални јадења на сите националности кои живеат на ова место, не е за занемарување. Овде се отвора светот на храната.

Твоето семејство го очекува подводна авантура низ митскиот изгубен град во Atlantis The Palm, Плејнејшн ќе го подигне вашиот адреналин, АјФлај ќе ви даде можност на скокате со падобрани во затворен простор, ќе скијате на +25, а највозбудливите тобогани ќе ве превртат во Wild Wadi Waterpark.

Романтичната вечера на дното на морето ќе ве чека во Бурџ Ал Араб, а од врвот на највисоката зграда на светот Бурџ Калифа можеш да викаш колку сакаш. Повисоко и помоќно оттаму, едноставно не можеш да бидеш... освен ако не се викаш Феликс.

Дубаи е ултимативната дестинација на луксузот и уживањето, а твојата авантура веќе е букирана на www.flydubai.com.

Се чудиш? Разбирам. Јас сум личноста во која секое човечко суштество постаро од 7 години, се сомнева. Затоа следниот пат, внимавај што посакуваш – може да ти се оствари.

Барањата на шопингхоличарката се овде.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.