Почетна » Забава » Слободно време » Десетте желби на шопингхоличарката

Десетте желби на шопингхоличарката

Драг Дедо Мраз,

Во овој период од годината, редовно ти пишувам од оваа адреса. Знаеш дека најчесто на листата има кукли, фустани за куклите, шминки за куклите, бебе, облека за бебето, реквизити за бебето, игри, пластелин, модли за пластелин, боици, тајни дневници, кутии за експерименти. Еднаш имавме и телескоп. Претпоставувам, јасно ти е дека не беа за мене?!

Моите желби досега сама си ги „хендлав“. И цела година, секоја година си поставувам новогодишни и тековногодишни одлуки, популарно наречени резолуции: ветувам дека нема да носам работа дома, дека сериозно ќе бидам на диета, ветувам помалку ќе спијам, ветувам дека ќе имам повеќе време за пријателите, ќе вежбам, подобро ќе го организирам времето, ќе ги одговорам сите наивно-комплицирани детски прашања, ветувам вечера со свеќи, вино и добар филм, ќе бидам храбра и ќе се испробам во еден екстремен спорт, ќе го оставам автомобилот и ќе одам пешки, ќе правиме воншколски експерименти...

Оваа година имам само една: сакам да уживам!

Овој список на желби е само мој, но како што знаеме и двајцата, од него може да има само колатерални придобивки за другите.

Прва: Дај ми прибежиште на локација каде што нема снег, кога сите ќе зборуваат за замрзнати улици, магла и студ, јас да ги топам ноџињата во море, да правам кули од песок и да гледам во сонце (фактор 50).

Втора: Сакам да патувам со стил, да не се гужвам по авиони, да не спијам по аеродромски фотељи, да не мирисам туѓи чорапи, да не морам да разговарам со сите кои си заборавиле книга за по пат. Сакам пијалок во убава чаша, јадење кое нема да ми предизвика тешки телесни повреди и филм со Чак Норис.

Трета: Старецу драг, спаси ме од стравот на секој родител кога патува со деца. Сакам дооолга забава која ќе ги држи ангажирани и задоволни.

Четврта: Смести ме во врвен хотел, во некое овоземско царство на хедонизмот! Потруди се да има големи меки перници, со дебели теписи во кои нозете се одмараат после 365 работни состаноци, спа во соба, масажа на тераса, цедени сокови, убиствен поглед и третман како Кери Бредшо и другарките (барем како што ги третираа во првата половина од филмот).

Петта: Однеси ме на шопинг од кој човек губи чувство со реалноста, брендови по небрендовски цени, ВИП влезови и филинг на црвен тепих.

Шеста: Дај ми избор на специјалитети од 100 светски кујни. Ок, ок... ветувам дека ќе пробам само 3, ама другите сакам да ги “јадам” со очи.

Седма: Сакам анимација за целото семејство, да пливаме со делфини, да летаме со падобран, да се искачуваме по јажиња, да бидеме пирати и да го откриваме скриеното богатство.

Осма: Како маж со маж крајно време е да зборуваш со мојот сопруг на темата подарок и скапоцени камења. Може да се ценка и преговара, колку подолго, толку полошо за него. Ќе му се оддолжам со ноќна тура на јахта и поглед кон градските светла.

Деветта: Најдобар дедо, направи да стојам на највисоката точка создадена од човекот и да викам: Јас сум кралот на светот (или кралица сеедно, се се тоа детали базирани на траумите од Титаник).

Десетта: Сакам искуство кое ќе биде безбедно за деца, воодушевувачко за тинејџери, предизвикувачко за возрасни, ослободувачко за жени, мотивирачко за мажи.

И да, сакам да побрзаш, зашто нема подобра шанса за нова шанса од Нова Година.

Жена на плажа за Нова Година

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10402 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.