Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » 8 интересни начини да се мотивирате да вежбате

8 интересни начини да се мотивирате да вежбате

Смислувате десетици изговори секогаш кога треба да го подигнете задникот и да го размрдате телото? „Ладно е“, „Немам чиста спортска облека“, „Ќе надоместам утре со поинтензивен тренинг“, „И така сум далеку од целта, нема што да изгубам ако прескокнам денес“, „Не сум расположена“... Листата може да оди до недоглед.

Никој не вели дека е едноставно и лесно водењето на здрав и активен живот. Сопките се буквално насекаде, но ваша задача е да ја пронајдете силата којашто го задушува пријатното гласче во главата кое ви вели „Одмори се. Седи и уживај без да се преокупираш со флексибилност, тегови, фитнес справи и напорни вежби“. Потребно е да ја одржувате во живот мотивацијата која ќе ве охрабрува да потите.

Девојка

Ви изгледа невозможно редовното вежбање? Следниве интересни совети ќе ви помогнат да смогнете сили и да си ја вратите мотивацијата која ќе ве донесе до телото за кое сонувате.

  1. Облечете црвена спортска опрема. Ако недостигот на мотивација произлегува од намалена енергија, обојте се себеси во бојата на страста. Гледањето во црвена боја ја зголемува енергијата, а носењето на истата брзо ја зголемува самодовербата и поттикнува на акција.
  2. Прочитајте инспиративна приказна. Кога ќе прочитате за животни искуства на жени кои екстремно ја намалиле својата тежина или го „извајале“ телото кое отсекогаш го посакувале, веројатно си велите „И јас го можам тоа“, „И јас го сакам тоа чувство“. Животите на другите не само што се одличен пример за тоа што можеме да постигнеме, туку и можат да бидат извор на мотивација за вежбање.
  3. Побарајте мислење за вашата форма од мало дете. Ќе добиете реален одговор и силен мотив за вежбање. Детската искреност ќе ве соочи со вистината, а детските зборови ќе одекнуваат во вашите уши секогаш кога ќе одлучите да го прескокнете вежбањето.
  4. Секој тренинг правете по една нова вежба. Новитетите ја зголемуваат возбудата, а таа лесно создава зависност. Новите вежби ќе ја враќаат забавата во физичката активност, а освен тоа се одлични за телото кое подобро се оформува кога редовно е исправено пред нови и нови предизвици.
  5. Платете месечна членарина. Парите не можат да ви купат мотивација, но кога се однапред уплатени за тренинг во теретана или за часови по зумба или аеробик, тие можат да бидат многу голем мотив за вежбање. Повторувајте си дека со секој пропуштен тренинг, вие всушност фрлате пари во вода и е поверојатно дека нема да го занемарите вежбањето.
  6. Еднаш неделно кревајте тег со тежина еднаква на телесната тежина која сте ја изгубиле. Ослабевте 5 килограми? Еднаш неделно кренете тег од 5 килограми. Веднаш ќе ви стане јасно зошто се чувствувате лесни како пердув, а зошто претходно сте се чувствувале како полна вреќа. Чувството на задоволство кое ќе ве обзема во тие моменти, ќе ве подига на нозе секој ден.
  7. Направете си „каса на наградите“. Секогаш кога ќе извежбате, а претходно не сте имале желба за потење, ставете во касата одредена сума пари. Повторувајте го тоа секогаш кога ќе го продолжите тренингот за неколку минути и кога ќе стопите килограм или сантиметар во обем. Одете на шопинг откако ќе се поднаполни касата. Кога ќе ги облечете новите секси обувки, потсетете се дека вежбањето е заслужно што ги поседувате.
  8. Замислете се себеси во секси костим за капење или чувајте фотографии за инспирација. Создавањето на ментална слика за вашата фитнес цел може успешно да ве мотивира. Поверојатно е да постигнете нешто ако можете да си го замислите. Следниот пат, пред да ја фрлите крпата и да се откажете од вежбањето, замислете се себеси во секси костим за капење. Или пак, на компјутер чувајте фолдер со фотографии од убаво обликувани женски тела. Тие можат да бидат одлична инспирација и поттик за да вежбате во моментите кога креветот ве влече да легнете.

И запомнете, стремете се кон напредок, а не кон совршенство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.