Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » 7 од најдобрите вежби за рамен стомак кои веројатно не ги правите

7 од најдобрите вежби за рамен стомак кои веројатно не ги правите

Жените сонуваат за тониран и рамен стомак, но негативните последици од заседнатиот начин на живот, стресот и лошата исхрана најмногу доаѓаат до израз токму во оваа централна област на телото. Недискутабилно е дека стегнатиот стомак е исклучително важен за привлечна силуета и сосема разбирливо е што припадничките на понежниот пол секогаш се во потрага по нови и нови вежби за зацврстување на јадрото на телото.

Сара Клејн, која работи како личен тренер, советува задолжително да ја збогатите својата фитнес програма со следниве вежби.

Птица-куче

Вежби за стомак

При испружувањето, трудете се раката и ногата да бидат речиси паралелни на подот и да останат приближно на висина на рамената и колковите. Повторете ја вежбата по 10 пати на двете страни.

Мост со подигање на една нога

Вежби за стомак

Направете 12 повторувања со левата нога, а потоа и 12 со десната.

Спајдермен планк

Вежби за стомак

Планк (штица) се смета за една од најефективните вежби за силно јадро. Со подигање на ногата во стилот на Спајдермен, вие ја издигате вежбата „планк“ на ново ниво и ги ангажирате многу повеќе страничните стомачни мускули. Повторувајте ја вежбата 30 секунди со десната нога, а потоа и 30 секунди со левата.

Подигање на нозете

Вежби за стомак

Оваа вежба е голем физички предизвик. Трудете се нозете да ви останат прави и повторете го движењето 10 пати.

Мешање

Вежби за стомак

Направете пет кругови надесно, а потоа 5 во спротивна насока.

Повлекување на пилатес топка

Вежби за стомак

Вежбите со пилатес топка активираат огромен број на мускули поради потребата да се одржува рамнотежа. Направете 10 повторувања.

Гасеница

Вежби за стомак

При движењето, важно е грбот и нозете да ви останат прави. На почеток можете да ги потсвиткувате нозете. Движете се како гасеница 10-60 секунди, во зависност од физичката подготвеност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.