Почетна » Диети и фитнес » Диети на славните » Фитнесот и диетата на Ким Кардашијан

Фитнесот и диетата на Ким Кардашијан

„Нема ништо лесно во тоа да бидеш фит и здрав. Никогаш не би рекла: јади што сакаш или не вежбај. Тоа не е реално. За да изгледам и да се чувствувам најдобро, внимавам на калориите и вежбам“ – Ким Кардашијан

Ким Кардашијан, една од најпопуларните ѕвезди чие лице го гледаме насекаде, не е од селебрити личностите кои велат дека нивното тело е дар од природата. Популарната бринета постојано потенцира дека убавото тело е макотрпна задача која секој треба да си ја стави на дневен ред.

Ким Кардашијан

Благодарение на нејзиниот несекојдневен изглед, Ким е една од најекспонираните жени на светот. Нејзините облини секогаш привлекуваат погледи и во главно позитивни коментари, бидејќи таа е горда на нив и знае да ги истакне на правилен начин.

Фитнесот

Омилениот тренер на Ким Кардашијан е Ганер Питерсон, кој ја има создадено и нејзината омилена фитнес програма. Неодамна Ким го откри својот фитнес план за списанието „Shape“.

30-годишната ѕвезда ги прави овие вежби 2-3 пати неделно. Се загрева 5-10 минути со кардио, ја прави секоја вежба без пауза и на крајот прави 50 скока со јаже. Овој циклус го повторува до 4 пати.

Вежбите Ким ги прави со медицинска топка која тежи 5 килограми (ако немате ваква топка и ако сакате да ги правите вежбите, земете тег наместо топка) и два мали тега од по 2-3 килограми.

Фитнес вежба на Ким КардашијанА. Застанете исправени и стапалата поставете ги на иста ширина како рамената. Држете ја топката блиску до десното уво, така што лактите да ви бидат свиткани.

Б. Исчекорете налево и потклекнете, а истовремено однесете ја топката кон надворешната страна од глуждот на левата нога. Вратете се во првобитната положба.

Повторете ја оваа вежба 6-15 пати налево, а потоа и исто толку пати надесно.
Фитнес вежба на Ким КардашијанА. Застанете исправени и раширете ги нозете, така што прстите на стапалата да ви бидат насочени благо „нанадвор“. Држете ја топката со двете раце пред градите. Клекнете ниско, така што ќе го доближите задникот колку што можете поблиску до подот, а истовремено придвижете ја топката кон подот и допрете го.

Б. Исправете се и подинете ги рацете високо над главата. Кога ќе се погледнете нагоре треба да ја видите топката – таа треба да биде малку поназад од вас.

Повторете ја оваа вежба 6-15 пати.
Фитнес вежба на Ким КардашијанА. Застанете исправени и стапалата поставете ги на иста ширина како рамената. Топката држете ја пред градите , така што лактите да ви бидат насочени настрана.

Б. Притиснете ја топката и започнете да се ротирате прво налево, па надесно.

Направете 6-15 повторувања. Втората серија направете ја со рацете испружени нанапред на висина на градите.
Фитнес вежба на Ким КардашијанА. Застанете во позиција за склекови и поставете ја топката неколку сантиметри полево од левото рамо. Поставете ја левата рака врз топката.

Б. Направете 6-10 склека. Потоа, поставете ја топката под десната рака и направете уште една серија.
Фитнес вежба на Ким КардашијанА. Седнете на подот и земете ја топката во рацете. Навалете се наназад и подигнете ги нозете од подот. Држете ги колената свиткани, а стапалата едно до друго. Поставете ја топката пред вас.

Б. Започнете да го вртите горниот дел од телото налево и со рацете донесете ја топката до подот. Потоа, истото направете го на десната страна.

Повторете ја оваа вежба 6-15 пати.
Фитнес вежба на Ким КардашијанА. Земете по еден тег во рацете и поставете ги стапалата на ширина на рамената. Клекнете под агол од 45° и придвижете ги лактите наназад, така што теговите да се наоѓаат веднаш до вашите гради.

Б. Замислете си дека сте во центарот на часовник и лицето ви е свртено кон 12 часот. Исчекорете со левата нога кон 7 часот и клекнете кон десната нога. Левата нога треба да ви е скоро права, а десното колено да е во иста линија со глуждот. Вратете се во првобитната положба, а потоа повторете го истото на другата страна.

Направете 6-15 повторувања.
Фитнес вежба на Ким КардашијанА. Земете по еден тег во рацете, застанете исправени и поставете ги стапалата на ширина на рамената. Дланките треба да ви бидат насочени кон телото. Клекнете така што теговите да ги носите кон подот.

Б. Додека се исправувате, кревајте ги теговите кон рамената и свиткајте ги рацете (дланките треба да ви бидат насочени кон телото). Испружете ги рацете нанапред, вратете ги кон рамената, а потоа спуштете ги долу.

Повторете ја оваа вежба 6-15 пати.

Диетата

Ким се храни на неколку часа – појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, вечера, вечерна ужина – за нејзиниот метаболизам постојано да работи забрзано.

За ова лето тренерот на Кардашијан ги советува сите ентузијасти за слабеење да си изберат барем едно правило за хранење и да се придржуваат кон него. Тоа правило може да биде:

  • никаква храна 3 часа пред спиење;
  • последниот оброк да не содржи комплексни јаглехидрати;
  • протеини во секој оброк;
  • појадување 30 минути по будењето;
  • јадење 30 минути по вежбањето;
  • овошје барем двапати дневно.

Предсвадбен режим

Свадбата на Ким се најавува како достојна конкуренција на кралската свадба на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам. И се разбира, идната невеста сака да изгледа најдобро што може за својот голем ден. За таа цел, Ким засилено вежба и колку што може се откажува од слатките задоволства.

„Ким сега вежба по двапати дневно. Таа доаѓа во моето студио во Лос Анџелес 3 до 5 пати неделно, по еден час“ – изјавил Питерсон и објаснил дека нема намера да ја намалува тежината на Ким, туку да ја направи посилна и да го зацврсти нејзиното тело.

Топ 5 совети од Питерсон за подготовката пред свадбата

  1. 8 часа сон. Знам дека навистина е тешко, но така телото ќе ви биде поцврсто!
  2. Појадок. Не го прескокнувајте појадокот или ќе го поттикнете телото да складира масти.
  3. Вежбајте со тегови. Кревајте наголемо, кревајте брзо и излезете од фитнес салата – не бидете бавни! Подигањето тегови ќе го забрза вашиот метаболизам.
  4. Менувајте го интензитетот на кардио вежбите. Брзо, бавно, брзо, бавно, тоа ќе направи да горите како оган.
  5. Вода, вода, вода.

Нема сомневање дека Ким ќе изгледа прекрасно облечена во венчаница од Вера Ванг додека му вели „Да“ на својот свршеник Крис Хамфрис.

Од устата на Ким Кардашијан

Инспирација за вежбање: „Во деновите кога ми треба дополнителна мотивација, си помислувам: бикини, бикини, бикини.“

Слатките, самодовербата, целулитот: „Се разбира дека има моменти кога се чувствувам несигурна во себе. Би сакала да немаше. Но, многу сакам да јадам! Особено слатки. И ќе кажам дека мислам дека бутовите ми се растресени и дека имам целулит. Кога вложувам време во вежбање, станувам самоуверена. Морам да се чувствувам добро за да изгледам добро.“

Инспирација од славните: „Додека растев, постојано гледав слаби модели со кои не можев да се поврзам. Селма Хајек и Џенифер Лопез докажаа дека можеш да бидеш заоблена и горда на тоа.“

Времето за вежбање: „Вежбањето е единственото време кога можам да се исклучам. Тоа е најубавото чувство! Кога ќе видам луѓе во фитнес сала да зборуваат на телефон, сакам да им кажам: Ова е ваше време да бидете себични. Искористете го!“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.