5 фази низ кои минуваат долгите љубовни врски
Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 5 фази низ кои минуваат долгите љубовни врски

5 фази низ кои минуваат долгите љубовни врски

Секоја врска е уникатна и приказна за себе, но повеќето долготрајни и здрави врски минуваат низ слични промени. Врската е динамичен процес на заљубување, прилагодување, созревање и растење на двајцата партнери кој минува низ неколку фази. Дали ќе ги изминете сите фази и со која брзина зависи само и единствено од вас.

Љубов

Сакате да знаете во која фаза е вашата врска? Еве ги карактеристиките по кои ќе препознаете:

1

Заслепеност, романтика и силна физичка привлечност

Чувствувате дека сте на седмо небо, го гледате светот преку розови очила и не можете да пронајдете ниту една маана кај партнерот. Првата фаза од врската започнува со силна физичка привлечност и неконтролирана желба да бидете со саканиот или да го слушнете неговиот глас.

Ова е холивудска верзија на љубовта кога хормоните ви лудуваат, пеперутки летаат во вашиот стомак, а вие ги игнорирате недостатоците кај партнерот, ставајќи го на пиедестал. „Љубовта е слепа“ е идеален опис на оваа романтична фаза.

2

Соочување со реалноста

Полека вашите очи започнуваат да се отвораат, хормоните ви се стабилизираат. Сè подобро се запознавате со партнерот, ги дознавате неговите желби, интереси и размислувања и одеднаш сфаќате дека нештата не се толку розови. Разликите меѓу вас стануваат очигледни.

Во втората фаза разговорите стануваат посериозни, љубовниот занес исчезнува. Однесувањето е послободно и порелаксирано. Но, се наметнуваат несогласувања кои бараат да слезете на земјата и да започнете да гледате потрезвено на врската.

3

Борба за надмоќ

Настапува инстинктивна борба за позиција и честопати се појавува разочарување. Списокот со лоши навики и постапки на партнерот станува сè подолг, а вашата желба да ги игнорирате или толерирате е сè помала. Ако досега можевте да преминете преку тоа да излегувате само со неговото друштво, сега тоа ужасно ќе ве нервира.

И двајцата се борите за независност и поради тоа може да си мислите дека партнерот станува посебичен. Секој од вас ќе се обиде да наметне свои правила на однесување и ќе се обиде да го моделира другиот во совршен партнер за себе.

Во оваа фаза настанува судир на два различни света кои треба да се слеат во еден заеднички. На многу партнери во овој период им минуваат мисли за прекинување на врската. Добрата вест е што сите тие мали битки ги дефинираат правилата на врската, кои се прифатливи и за двајцата.

4

Компромиси, прилагодување и стабилност

Не го гледате партнерот како непријател со кого треба да се натпреварувате, туку како значајна личност со која мора да соработувате за да одржувате среќен љубовен живот. Ги знаете сите негови недостатоци, но сте убедени дека можете да живеете со нив. Можете да го предвидите неговото однесување и полесно можете да стигнувате до компромис, што ги редуцира кавгите.

Негативната страна е што врската може да ви стане монотона и рутина – вечерно излегување во вторник, петок и сабота, прошетка во недела, излегување на кафе во понеделник и тоа секогаш во истото кафуле... Заедно со монотонијата, доаѓа и здодевноста, па во оваа фаза се зголемува ризикот од неверство.

5

Целосно обврзување

Ги преживеавте бурите, го имате видено партнерот и во најдоброто и најлошото издание, но и покрај сè, вие копнеете по неговата прегратка, неговите шеги, неговите утешни зборови. Убедени сте дека меѓу вас има љубов и заемна почит и веќе не се двоумите дали тој е Вистинскиот.

За разлика од идеалистичката, холивудска љубов од првата фаза, љубовта во оваа фаза е зрела и реалистична, изградена врз основа на искреност и разбирање. Знаете дека не може секој ден да биде возбудлив и еуфоричен и се чувствувате пријатно дури и во здодевните денови кога тишината царува околу вас двајца.

Нареден чекор? Крунисување на љубовта со брак и создавање на семејство.

Некои врски прескокнуваат неколку фази, некои врски се враќаат наназад во одредени фази и по неколку пати, но сите се стремат да стигнат до финалната фаза, која е предуслов за градење на стабилен брак.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 19%
  • 73%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 19639 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.