10 совети како да постигнете оргазам
Почетна » Љубов и секс » Секс » 10 совети како да постигнете оргазам

10 совети како да постигнете оргазам

Оргазмот е ослободување на насобраната сексуална тензија и енергија, кое предизвикува неверојатно задоволство. Некои го опишуваат како нежно штипкање, а други како експлозивно чувство по целото тело.

Достигнувањето на оргазам предизвикува контракции на карличните мускули на секои 0.8 секунди. Кај некои контракциите се побројни отколку кај други.

ОргазамЗа многу жени оргазмот е недостижен врв за кој што копнеат цел живот.

Мажите ретко имаат проблеми и скоро секогаш можат да доживеат оргазам, но за жал истото не важи за жените. За разлика од мажите, на жените им е потребно многу повеќе од механичка стимулација за да го достигнат врвот: пријатна релаксирана атмосфера, партнер на кого му веруваат, да се чувствуваат посакувани...

Но, дури и кога се исполнети сите услови, некои жени не успеваат да го почувствуваат интензивното задоволство наречено оргазам. Еве неколку совети за полесно достигнување до „големото О“:

  1. Практикувајте ги Кегеловите вежби. Вежбите на Кегел овозможуваат зајакнување на карличните мускули, а тоа гарантира поголемо сексуално задоволство и поинтензивен оргазам. Тие се состојат во стегање и опуштање на карличните мускули. Овие мускули најдобро можете да ги почувствувате ако за време на мокрењето се обидете да го сопрете млазот, а потоа пак да го пуштите. Но, не ги практикувајте вежбите додека мокрите. Секојдневно стегајте ги и опуштајте ги карличните мускули минимум по 10-20 пати на интервали од 5 секунди. Вежбите можете да ги правите секаде и во секое време.
  2. Подгответе го вашето тело. Потребно е да се чувствувате убаво во вашето тело за да се опуштите во прегратката на вашиот партнер. Направете ги сите женски процедури за разубавување. Отстранете ги сите непосакувани влакна од телото, разубавете ја кожата со помош на омиленото млеко за тело, искористете интимен гел за да се чувствувате потполно чисто... Само ако го подготвите вашето тело, ќе можете да му дозволите на вашиот партнер слободно да истражува и да ви достави врвно задоволство.
  3. Подгответе го вашиот ум. Воопшто не е чудно што жените во 30-тите и 40-тите години од својот живот почесто доживуваат оргазам, отколку помладите. Тие се чувствуваат поудобно во своето тело и поради тоа се поопуштени во односите со нивниот партнер. Жените во 20-тите години често имаат многу комплекси, кои не му дозволуваат на мозокот целосно да се концентрира на уживањето. Променете го вашиот фокус. Наместо постојано да помислувате „Дали вечерва ќе успеам?“, фокусирајте се на задоволството што го чувствувате за време на сексуалниот чин.
  4. Релаксирајте се. Можеби ви звучи просто и едноставно, но многу е тешко вистински да се опуштите. Создајте романтична атмосфера со свеќи. Не брзајте да преминете кон самиот акт. Дозволете му на вашиот партнер да ви направи масажа со масло. Ако имате потешкотии со опуштањето, една чаша вино ќе ви помогне. Но, многу е важно да не претерувате со алкохолот. Тој може да ја намали чувствителноста на вагината.
  5. Прилагодете ја предиграта на вашето расположение. Ако сте доволно возбудени, може директно да преминете на главното, без предигра. Но, ако не сте баш во расположени за секс, тогаш најдобро е да започнете со страсни бакнежи и допирања. Подолгата предигра ги зголемува шансите за оргазам.
  6. Различна стимулација за различен оргазам. Ако целите да постигнете клиторален оргазам, вашиот партнер треба да се сконцентрира на стимулирање на клиторисот. Повеќето жени сметаат дека вистинскиот оргазам е вагиналниот, затоа што е поинтензивен, но многу потешко се постигнува. За да го почувствувате, вашиот партнер треба да ја стимулира т.н. G-точка. Иако постоењето на оваа ерогена зона сè уште предизвикува жестоки дискусии, општо прифатено е мислењето дека постои и дека нејзиното стимулирање води до моќен оргазам. Таа се наоѓа на длабочина 3-7 сантиметри, од предната страна на вагината кон стомакот. Многу жени изјавуваат дека допирањето на G-точката им предизвикува чувство на потреба за мокрење.
  7. Изберете соодветна поза. Позата е многу важна ако сте во потрага по оргазам.
    • Вие одгоре. Ако преземете контрола и практикувате поза кога вие сте одгоре, тогаш лесно можете да регулирате колку брзо ќе се движите и колку длабоко вашиот партнер ќе пенетрира. Во истото време, ќе му дозволите тој подобро да ве гледа, а тоа може да донесе поголема возбуда и за двајцата.
    • Кучешката поза. Не ја прескокнувајте кучешката поза. Со неа ќе му овозможите подлабока пенетрација на партнерот, а тој ќе може во исто време да ви го стимулира и клиторисот. Тоа ќе ви донесе двојно задоволство.
    • Модифицирана мисионерска поза. Мисионерската поза може да биде идеална ако ви е потребен поблизок контакт со партнерот за да се чувствувате опуштени. Едноставно подигнете ги нозете преку рамената на партнерот и оргазмот е скоро гарантиран.
  8. Дишете длабоко. Експертите немаат едно исто мислење за тоа која техника на дишење е најдобра. Некои сметаат дека задржувањето на воздухот кога се приближувате до „целта“ го зголемува задоволството. Други пак сметаат дека задржувањето на воздухот предизвикува зголемен поток на крв кон мозокот, што води до намалување на потокот на крв кон половите органи. Се смета дека најдобро е да се практикува длабоко дишење, затоа што на тој начин се зголемува веројатноста за доживување на втор оргазам.
  9. Забавете го неговиот оргазам. За разлика од жените, мажите не можат веднаш да продолжат со сексуалниот однос ако доживеале оргазам. Затоа, треба вие први да уживате во ова сексуално задоволство или пак двајцата да го доживеете истовремено. Ако тој чувствува дека е пред крајот, притиснете го малку неговиот пенис во основата. Тоа ќе ја одложи неговата ејакулација. Ако вашиот партнер веќе еднаш има свршено, вториот пат тој ќе има повеќе контрола и сексуалниот чин ќе трае подолго.
  10. Бидете оптимисти и верувајте. Морате да верувате дека сте способни да доживеете оргазам. Токму тоа ќе ви го олесни патот до него.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 27%
  • 73%
Се испраќа...

(Вкупно: 884 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?