Како да станете занесна заводничка само за него?
Почетна » Љубов и секс » Секс » Како да станете занесна заводничка само за него?

Како да станете занесна заводничка само за него?

Не треба да го купите најскапиот корсет или комплет долна облека за да изгледате секси и да останете во неговите мисли како неодолива и занесна заводничка.

Секси жена во црвеноИскористете ја моќта на црвената боја

Искористете ја вашата фантазија и разнообразете го вашиот љубовен живот со помош на следниве секси совети:

  • Ставете високи потпетици и ништо друго. Ако се појавите пред него носејќи единствено обувки со високи потпетици, нема да поминат ниту неколку секунди пред тој да се залепи за вас.
  • Облечете свилена ноќница. Не, ноќниците не се старомодни, дури и ако се долги до колената. Денес жените ги исфрлаат од својата гардероба, но свилената ноќница всушност е многу секси и романтична и може да направи да изгледате како божица. А тој нема да може да ги тргне рацете од вас.
  • Разбушавете ги вашите прамени. Не ја исправувајте косата и не ставајте пена или восок. Исушете ја косата со фен и разбушавете ја со рацете. Така ќе ја покажете вашата дива страна.
  • Додајте животински принт. Сакате да ја подивите неговата страст? Облечете секси долна облека со животински принт на зебра, леопард или тигар. Ако не се чувствувате комфорно, не мора да носите „леопардска“ облека од глава до пети. Доволен е само еден детаљ.
  • Облечете негова блуза или кошула. Има нешто што прави жените да изгледаат секси кога носат широка машка кошула или блуза. Се разбира, комбинирајте ја само со секси гаќички, а не со широки тренерки. Кога ќе ве здогледа по неговата кошула, ќе започне да мисли на тоа дека не носите ништо под неа и веднаш ќе дотрча во вашата прегратка.
  • Искористете ја моќта на црвената боја. Црвената боја привлекува внимание, потсетува на љубов и ја разгорува страста. Облечете црвен фустан или црвени високи потпетици или едноставно обојте ги вашите усни со црвен кармин. Црвената боја има огнена моќ која веднаш ќе го „запали“.
  • Бидете меки на допир со памучна облека. Облечете памучна маичка со прерамки и памучни боксерки (не носете градник), а потоа ставете и памучни чорапи до колена. Ем нема да изгледа како да сте се труделе да бидете секси, ем ќе успеете веднаш да му ја запалите искрата во очите.
  • Ставете само долг бисерен ѓердан и истакнете ги очите. Испробајте smokey eyes изглед и наместо секси долна облека, на себе ставете само долг бисерен ѓердан. Бисерите се романтични и женствени, но и дејствуваат многу заводливо, особено кога единствено тие се наоѓаат на голото женско тело.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6545 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“