10 практични трикови од мејкап и бјути гуруа
Почетна » Убавина и мода » Тело » 10 практични трикови од мејкап и бјути гуруа

10 практични трикови од мејкап и бјути гуруа

Како што секоја жена добро знае, секогаш постои простор за подобрување и усовршување на ритуалите за разубавување. Триковите кои ги користат познатите мејкап артисти, дерматолози и гуруа за стилизирање на косата никогаш не се на одмет.

Убава жена

Па, дополнете ги вашите познавања со следните инсајдерски совети:

Чисто нанесување на маскара. Ставете маскара прво на долните трепки, а потоа продолжете на горните. Ова е најдобар начин за нанесување на маскара за да не ги „извалкате“ очните капаци. Зошто? При нанесувањето на маскара на долните трепки, потребно е да го насочите погледот нагоре, а во таков случај ако прво сте ставиле маскара на горните трепки и не е досушена, може да си направите црни ресички кои ќе ви ја расипат шминката на капаците.
Робин Сигел

Домалиот прст како алатка за шминкање. Со домалиот прст најдобро се нанесува шминка затоа што е нежен и создава најмал притисок врз кожата. Освен тоа, топлината од телото придонесува за подобро нанесување на различните продукти врз кожата и нивно блендирање. Можете да го користите домалиот прст при нанесување на коректор на одредени делови од лицето или пак за сенките за очи.
Таша Браун

Намалување на црвенилото на лицето. Ако поради една или друга причина кожата на лицето ви е зацрвенета, потопете овесни снегулки во вода и направете фина паста. Нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 15 минути за да ви се намали црвенилото.
Одра Синкус

Максимален ефект од регенераторот за коса. Затоплете го регенераторот во микробранова печка 15 секунди. Топлината ги отвора фоликулите на влакната и овозможува регенераторот да делува подлабоко.
Типи Шортер

Елиминирајте ги темните кругови околу очите. Завиткајте изрендан компир во газа и наутро ставете го врз очите. Компирите содржат ензим којшто на природен начин ја осветлува кожата.
Фредрик Бренд

Користете лосион за самопотемнување непосредно по туширањето. Употребувајте го лосионот до половина час по туширањето. Состојките за потемнување побрзо ќе реагираат со кожата и ќе добиете подолготраен бронзен ефект. Не заборавајте дека кожата треба да е целосно сува пред да посегнете по лосионот.
Шели Барет

Правилно чешлање за намалување на расцветувањето на врвовите. Секогаш започнувајте да ги расчешлувате прво врвовите на косата, а потоа бавно искачувајте се нагоре кон корените.
Џина Бертолоти

Брзо освежување на лицето со нежен пилинг. Измешајте брашно со белка од јајце и нанесете ја смесата на лицето со кружни движења. Оставете ја да делува десетина минути, а потоа измијте. Оваа маска привремено ќе ги зацврсти порите и ќе ја освежи кожата на лицето.
Линг Чан

„Разбудете“ ги очите со молив во боја на кожата. Најбрзиот начин да го прикриете заморот е да ги обелите белките на очите со помош на молив за очи во месо боја. Оцртајте ги внатрешните „рабови“ на очите и веднаш ќе добиете свеж буден изглед.
Сара Лучеро

Камуфлирајте ги белите влакна од косата со маскара. Ако имате само неколку бели влакна и не сакате да започнете со бојадисување на косата или пак ако сте направиле грешка при бојадисувањето и се ѕирка некое бело влакно, земете ја четката од маскара и поминете со неа на проблематичното место. Користете го овој трик ако имате црна или кафеава коса.
Рајан Котон

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 33%
  • 8%
  • 59%
Се испраќа...

(Вкупно: 684 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.