Почетна » Убавина и мода » Тело » Бразилска депилација

Бразилска депилација

Отстранувањето на непосакуваните влакненца е дел од женското секојдневие. Современите жени сакаат постојано да имаат мазно тело, а најдобриот начин да си го подарат тоа е преку депилацијата. Сигурно уште од самата помисла на депилација веќе ви се крева косата и единственото нешто што го помислувате е болка. Да, депилацијата е болна, па затоа до каде ќе одите е ваше решение.

Бразилска депилацијаИнтимната депилација дава чувство на свежина, чистота, сексапилност и дури и поголема самодоверба.

Интимна депилација – за или против?

Интимната депилација од своја страна ги дели жените во две крајности – или ја обожаваат или не сакат да слушнат за неа. Статистиката покажува дека скоро половината жени во светот применуваат целосна интимна депилација. Не треба да ве изненади податокот дека и сè повеќе мажи го следат тој тренд.

Ако сте пробале, сигурно знаете зошто жените се решаваат да поднесат толку болка. Интимната депилација дава чувство на свежина, чистота, сексапилност и дури и поголема самодоверба.

Но, противниците сметаат дека интимната депилација, особена бразилската, води до зголемен број на инфекции кај жените и дека е резултат на нестабилна самодоверба. Критичарите тврдат дека целосното отстранување на интимните влакненца резултира и со зголемен број на пластични операции во интимната зона, за корегирање на изгледот на гениталиите, и со тоа се зголемува ризикот за здравјето.

Бразилска депилација

Секоја жена треба да проба бразилска депилација еднаш во животот.
А сексот што ќе го има потоа ќе ја принуди да посака да го направи тоа повторно.

Ева Лонгорија

Бразилската депилација значи целосно отстранување на влакненцата во интимната зона, од долниот дел на стомакот до опашката. Неретко се остава и тенка недепилирана вертикална лента над клиторисот, која се нарекува „landing strip“.

Овој тип на депилација за прв пат излегува од границите на Бразил благодарение на седум сестри, кои отвориле свој салон J Sisters International во Менхетен во 1987 година. Оттогаш популарноста на бразилската депилација само се зголемува.

Жените ја обожаваат поради тоа што се чувствуваат попривлечно, посексапилно, почисто, а мажите воопшто не се противат на мазниот изглед на женското тело.

Доколку решите да ѝ дадете шанса на бразилската депилација, имате двe варијанти – или херојски да го направите тоа сами дома или да му се доверите на професионалец.

За да ја избегнете болката колку што може повеќе, практикувајте интимна депилација по завршувањето на вашата менструација, а не непосредно пред нејзиното започнување или додека трае. Одржувајте високо ниво на хигиена пред да започнете со отстранувањето на влакненцата или пред да посетите козметички салон.

Бразилска депилација во козметички салон

Повеќето жени избираат оваа деликатна процедура да им ја препуштат на искусните козметичарки. Во козметички салон, освен вашата флексибилност ќе биде тестирана и вашата скромност. За да бидат целосно отстранети влакненцата од интимната зона, треба да се наместите во малку понезгодни пози.

Бидете сигурни дека козметичкото студио кое планирате да го посетите практикува редовно ваков тип на депилација, затоа што во спротивно ризикувате некој да се вежба на вас.

Треба да внимавате при изборот на козметички салон. За ваквото решение не треба да биде важна само репутацијата. Најдобро е да побарате лична препорака од некоја ваша позната.

Бразилска депилација дома

Ако имате доволно храброст сами да ја извршите тешката задача, еве како да го направите тоа.

Бразилска депилацијаПовеќето жени избираат оваа деликатна процедура да им ја препуштат на искусните козметичарки, но ако имате храброст можете да си направите бразилска депилација и во домашни услови.
  1. Врз интимната зона не треба да ставате масло или лосион. Најдобро е врз кожата да нема никакви козметички продукти и да биде потполно сува.
  2. Влакненцата не треба да бидат премногу долги или премногу кратки. Должината е препорачливо да биде 7-13 милиметри. Доколку се подолги, употребете ножица за да ја постигнете посакуваната должина.
  3. Издепилирајте мал дел за да ја проверите чувствителноста на кожата и да избегнете непосакувани алергични реакции.
  4. Поставете огледало помеѓу вашите нозе, за да имате видливост на понедостапните зони. Најдобро е да започнете однапред и да се движите наназад.
  5. Нанесувајте тенок слој восок во правец на растењето на влакната. Доколку нанесете дебел слој восок, болката ќе биде поголема, влакненцата потешко ќе се отстрануваат и ќе треба да тргнете посилно, а со тоа ризикувате да си направите синини затоа што овој дел од телото е најчувствителен.
  6. Лентите за интимна депилација треба да бидат мали. Колку помали делови депилирате, толку подобро ќе ја поднесете болката. Залепете ги лентите врз восокот.
  7. Добро затегнете ја кожата околу залепената лента и повлечете во спротивна насока од насоката на растење на влакната.
  8. Чувајте водена крпа при рака за да го чистите восокот, ако тој е растворлив во вода. Ако не е, тогаш земете памучен тампон и бебешко масло. Така лесно ќе го отстраните восокот што останал по повлекувањето на лентата.

Корисни совети

Пред депилацијата:

  • Практикувајте ексфолијација. Пред интимната депилација, корисно е да си направите ексфолијација на кожата за да ги отстраните мртвите клетки. Исто така, не е лоша идеја да ја повторите процедурата два дена по депилацијата. Така ќе го намалите ризикот од појавата на поткожни влакна.

За време на депилацијата:

  • Знајте каде да очекувате најмногу болка. Кај секого болката е различна. Најчесто болката под долниот дел на стомакот е најголема. Доколку знаете каде да очекувате голема болка, ќе бидете поподготвени.
  • Имитирајте кашлање. Ова е многу интересен совет. Кога ја повлекувате лентата, кашлајте. Така ќе го одвлечете вниманието од болката. Навистина делува!
  • Во никој случај не се депилирајте над рани, свежи лузни или бенки.

По депилацијата избегнувајте:

  • Тесна облека. Не треба да носите тесна облека откако сте се издепилирале, затоа што така ќе ја зголемите иритацијата на кожата и создавањето на поткожни влакна.
  • Пливање. Не влегувајте во базен, езеро, море, океан или џакузи истиот ден кога сте се депилирале.
  • Солариум или сауна. Никако не користете солариум или сауна во наредните два дена по депилирањето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20060 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.