Фустаните со романтични и женствени цветни шари, кратките елечиња, костумите со вертикални ленти, долгите џемпери и палта, се само дел од модерната колекција на Ралф Лорен која зрачи со софистицираност.
Кон крајот на 2009 година, Софија Кокосалаки беше прогласена за креативен директор за Diesel Black Gold женска облека. Таа ја презентираше својата дебитантска колекција за оваа марка на Њујоршката недела на модата. За својата колекција, таа изјавила: „Марката Diesel Black Gold има современа, урбана, rock&roll чувствителност и јас сакав да ги задржам тие принципи и да дизајнирам колекција базирана врз нив“.
Колекцијата на Келвин Клајн за сезоната есен 2010 се карактеризира со едноставност и формалност. Во колекцијата преовладуваат црната, белата и сивата боја. Сатенски палта, панталони и фустани, едноставни фустани со должина до колената, палта и сакоа од волна, надополнети со ултра високи чевли внесоа стил и класа на модните подиуми во Њујорк.
Колекцијата на Хилфигер е „наследство од 1985 за нова динамична деценија“, во кое што може да се каже дека има од сè по нешто – кратки и долги сукњи, „3/4“ панталони, мантили без ракави, џемпери со големи јаки, високи чизми, кратки панталончиња и се разбира елегантни нежни тоалети.
Викторија Бекам во Њујорк ја прикажа својата четврта по ред колекција од основањето на својата марка во септември 2008 година. Колекцијата е инспирирана од Dick Tracy (лик од американски стрип) и од Martha Graham (кореограф и танчерка). Креациите беа дополнети со големи очила и високи потпетици, две нешта кои се препознатливи за стилот на Викторија.
Колекцијата на Оскар Де Ла Рента донесе многу сјај на модната писта во Њујорк, изобилувајќи со креации во боја на смарагд, рубин, аметист и лапис лазули. Гламурозни блескави фустани, балски тоалети и префинети додатоци, како чадор во ист тон како облеката, крзнени беретки и наметки, ја карактеризираа колекцијата есен/зима 2010/2011 година.
27-годишниот Џејсон Ву се прослави благодарение на првата жена на САД, Мишел Обама, која реши својот фустан за инаугурацијата на Барак Обама да биде токму креација на овој дизајнер. Неговата деликатна женствена колекција е базирана на модните фотографии на Ирвинг Пен од 50-тите години.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (0)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.