Ослободете се од темните кругови околу очите
Почетна » Убавина и мода » Лице » Ослободете се од темните кругови околу очите

Ослободете се од темните кругови околу очите

Подочниците и темните кругови околу очите, кои што порано или покасно се појавуваат кај секој од нас, нè прават да изгледаме уморени и ненаспани. За некои овие непријатни проблеми се секојдневие. Денес постојат различни начини за да се ослободите од нив или едноставно да ги прикриете.

Зошто се појавуваат?

Причините за појавата на подочниците и темните кругови се различни.

Жена со краставица на очитеКраставицата ја освежува кожата околу очите и ја намалува видливоста на темните кругови околу очите.
  • Гените. Темните кругови околу очите можат да бидат наследени. Ако ве мачи овој проблем, голема е веројатноста и други членови од вашето семејство да го имаат.
  • Изложување на сонце. Изложувањето на сонце, особено во лето, ја прави кожата под очите потемна. Тоа важи и за луѓето со потемен тен.
  • Алергии. Секоја инфекција на очите која предизвикува чешање, може да придонесе за образувањето на темни кругови околу очите.
  • Лекови. Сите лекови кои ги прошируваат крвните садови, водат до создавање на темни кругови. Тоа е така, затоа што кожата под очите е многу тенка и потокот на крв е видлив преку кожата, во форма на темни кругови.
  • Исхрана. Строгите и небалансирани диети или недостатокот на витамини и минерали, водат до создавање на темни кругови околу очите.
  • Стрес или отсуство на добар сон. Отсуството на добар сон ја прави кожата на лицето да изгледа побледа и затоа крвните садови под тенката кожа под очите се повидливи.
  • Бременост и менструација. За време на бременост и за време на циклусот, кожата на лицето е бледа и крвните садови се повидливи.
  • Стареење. Со стареењето се зголемува веројатноста за појава на темни кругови околу очите. Во многу случаи тие остануваат постојано видливи.

Како да се ослободите од нив?

  1. Жолта пудра или коректор. За брзо прикривање на темните кругови користете жолта пудра или коректор, затоа што така се неутрализира сината или лилавата боја на подочниците.
  2. Кесички со чај. Ставете на очите кесички со чај. Тие содржат танин кој помага за подуени подочници и за отстранувањето на темните кругови околу очите.
  3. Краставица. На сите ни е познато дека краставицата се користи за освежување на кожата околу очите. Поставете 2 парчиња ладна краставица врз очите и оставете ги да делуваат 10-15 минути.
  4. Користете крем за очи кој содржи витамин К и ретинол. Темните кругови околу очите може да се резултат од недостиг на витамин К. Денес многу тестови покажуваат дека кремовите кои што содржат витамин К и ретинол, значително го отстрануваат овој проблем.
  5. Добар сон. Секогаш обидувајте се да си обезбедите добар сон. Најчесто на телото му се потребни 7-9 часа сон, но тоа време за одмор варира кај различните луѓе.
  6. Здрава исхрана. Јадете здрава и балансирана храна, пијте доволно количество вода и внесувајте ги потребните витамини.
  7. Намалете ја солта во исхраната. Големото количество на сол води до задржување на вода на невообичаени места во телото. Како резултат на тоа се создаваат подуени подочници. Консумирањето на многу сол влијае и врз циркулацијата на крвта и со тоа крвните садови под очите се видливи како темни кругови.
  8. Престанете со пушењето. Освен што пушењето го загрозува вашиот живот, тоа лошо влијае и врз вашиот изглед. Пушењето создава проблеми со крвните садови.
  9. Не ги чешајте очите. Најчесто чешањето на очите е предизвикано од алергија, но не секогаш. Независно од причината, престанете да ги чешате очите. Тоа ја иритира кожата и може да доведе до пукање на малите капилари или да предизвика подувување на подочниците.
  10. Ако сте алергични – лекувајте ја алергијата. Многу честа причина за појавата на темни кругови околу очите е алергијата. Денес постојат различни лекови кои што можат да ви помогнат за да ја победите. Луѓето кои имаат алергија често страдаат од недостиг на витамини Б (фолна киселина, Б6, Б12). Консумирањето на овие витамини може да ви помогне во справувањето како со алергијата, така и со темните кругови околу очите.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9729 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.