18 моќни нешта кои треба да му ги кажувате на вашето дете
Почетна » Семејство » Дете » 18 моќни нешта кои треба да му ги кажувате на вашето дете

18 моќни нешта кои треба да му ги кажувате на вашето дете

Децата имаат потреба од нашите зборови, независно дали преку нив ја искажуваме нашата љубов или поддршка или пак ги учиме како правилно да се однесуваат. Но, додека зборовите кои ги изговараме додека сме лути можат да остават трајни лузни, други имаат моќ да ја зголемат детската самодоверба и да создадат здрави навики кај нашите најмили.

Мајка и ќерка

Користете ги мудро зборовите! Еве кои нешта треба што почесто да му ги кажувате на вашето дете:

  1. „Те сакам безусловно.“ Детските лудории се бескрајни – скршена играчка, паѓање од височина, извалкан мебел... Да, можеби понекогаш чувствувате дека стоите на работ на лудилото, но не дозволувајте вашето дете да мисли дека љубовта кон него ви се намалила само поради лоша постапка. Децата имаат потреба да знаат дека родителите не им поставуваат услови за да ги сакаат и дека нивната љубов постои и кога прават грешки.
  2. „Пријателите ќе доаѓаат и ќе си одат.“ Други деца ќе му го кршат срцето на вашето малечко. Тие ќе го разочаруваат, ќе му вртат грб и ќе го обесхрабруваат. И тоа е составен дел од детството и растењето и вие не можете да направите ништо за да го спречите. Но, можете да го научите вашето дете да не ги зема луѓето здраво за готово. Оние кои сега му се пријатели, не значи дека ќе бидат покрај него по десет години. Можеби нови лица ќе го заземат местото на неговите другарчиња и тоа е во ред.
  3. „Смеј се. Искрено, на цел глас.“ Многу родители ги караат своите деца кога се смеат гласно, бидејќи буката им пречи. Дозволете му на вашето дете да биде само дете, да му се радува искрено на животот, да пронаоѓа хумор и во добрите и во лошите настани и отворено да го покажува тоа. Нема ништо повредно од детската насмевка.
  4. „Среќата започнува однатре.“ „Не чекај некој друг да те усреќи.“
  5. „Се гордеам со тебе. Работеше напорно за тоа.“ Не секое дете поседува вроден талент за пеење или генијалност за да биде врвен математичар, но секое дете може да работи напорно за да постигне нешто. Со овој пристап вие го истакнувате на пиедестал трудот, а не интелигенцијата или вродениот талент. Мајка и ќерка
  6. „Обожавам да те гледам додека (неговата омилена активност).“ Кога при анкета спроведена во американски колеџ, спортисти биле запрашани што е она што нивните родители им рекле, а што направило да се чувствуваат одлично, најголем дел одговориле: „Обожавам да те гледам додека играш“. Доколку вашето најмило има омилена активност или се занимава со спорт, кажувајте му ги овие зборови додека го бодрите. Бидете негов најголем фан кога гледате дека прави нешто со страст.
  7. „Предметите се само предмети“. Голема е веројатноста во иднина вашето дете да сака да поседува вредни предмети, можеби ќе носи брендирана облека и ќе вози скап автомобил. Научете го да не дозволува материјалните нешта да го дефинираат како личност.
  8. „Благодарам“ и „Те молам“. Нашето однесување е наш избор, но децата избираат како ќе се однесуваат гледајќи ги своите родители. Бидете модел на личноста која сакате да ја видите во своето дете во иднина. Секојдневието е преполно со ситуации во кои можете да ги користите зборовите „Благодарам“ и „Те молам“, а кои се витални за добра интеракција меѓу вашето малечко и останатиот свет.
  9. „Како ти помина денот?“ Не дозволувајте вашето дете да живее во тишина. Интересирајте се за неговиот живот од мали нозе и прашувајте го што се случува во него. Ако не сака да одговори на прашањето како поминал неговиот ден, споделете што се случило во вашиот или поставете му конкретно прашање како „Со кои играчки игравте?“, „Што нацрта денес?“. Така ќе го поттикнете да сподели повеќе.
  10. „Никогаш не се откажувај. Верувам во тебе.“ Вашето дете има голем сон? Не го обесхрабрувајте, туку поттикнете го да го следи. Верувајте во него и научете го и тоа да верува во себе. Ако нешто тргне наопаку, охрабрете го да проба повторно и повторно, гледајќи ги нештата од друг агол. Бодрете го вашето најмило од првите редови и тоа ќе прерасне во самоуверена индивидуа која не бега од предизвиците, туку трча кон нив. Мајка и ќерка
  11. „Те слушам.“ Ако секогаш се преправате дека го слушате вашето дете додека ви раскажува за случка која го усреќила, разочарала или поттикнала, следниот пат начулете ги ушите и навистина слушајте. Додека ви раскажува, поставувајте прашања како „Кој беше со тебе?“, „И што рече Марија?“... така ем ќе му покажете дека вистински слушате, ем ќе дознаете многу повеќе за неговиот живот надвор од домот.
  12. „Никогаш нема да бидеш сам.“ „Јас секогаш ќе бидам покрај тебе.“
  13. „Во ред е да плачеш.“ Зборовите „Престани да плачеш“ се многу моќни, но само ако сакате да му пренесете на вашето дете порака дека не ги цените неговите чувства и дека тагата и стравот се нешто неприфатливо. Дозволете му отворено да ги покажува своите чувства. Сите луѓе плачат: од болка, од тага, од гордост, плачат кога се исплашени, лути или осамени. Доверете му ја вашата тајна – „Возрасните плачат. Јас плачам исто така“ и бидете негово рамо за плачење кога му е потребно.
  14. „Браво. Како се сети на тоа? Раскажи ми повеќе.“ Пофалбите можат да бидат многу голем мотиватор, но не ги кажувајте пречесто, бидејќи ќе ја изгубат силата.
  15. „Сите правиме грешки. Не е крај на светот.“ Вашето малечко истури нешто на подот или скрши чаша од вашиот омилен комплет? Не претерувајте со реакциите. Кажете „Знам дека ти е жал. Ти опростувам“. Дајте му до знаење дека е во ред да прави грешки, дека сите ги правиме и дека треба да учи од истите. А мама нема да биде бесна поради нив. Доколку е доволно големо, поттикнете го да најде решение.
  16. „Извини. Ти беше во право, а јас погрешив.“ За да го научите вашето дете како да презема одговорност за своите постапки, истото треба да го направите и вие самите. Кога ќе почувствувате дека сте погрешиле, признајте го својот „грев“, а потоа обидете се да се искупите за него. Децата се чувствуваат посамоуверени кога знаат дека и возрасните прават грешки.
  17. „Не може секому да се допаднеш. И тоа е нормално.“ Вашето дете е уникатно, различно и специјално, но некои луѓе нема да го ценат тоа. За разлика од нив, други ќе го обожаваат. Кажете му да не се обидува да задоволи секого и да се допадне секому.
  18. „Научи да се сакаш себеси сега“. Како што ќе расте вашето дете, оваа цел ќе биде потешка за постигнување. Ако успеете да го натерате да ги прифати своите несовршености од мали нозе, никој повеќе нема да може да ги искористи против него. Ова е особено важно ако имате ќерка.

Анкета

Анкета
Каква беше 2016 година за вас?
  • 22%
  • 45%
  • 33%
Се испраќа...

(Вкупно: 6235 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.