6 мали промени кои ќе ви ги зголемат шансите да зачнете
Почетна » Семејство » Бременост » 6 мали промени кои ќе ви ги зголемат шансите да зачнете

6 мали промени кои ќе ви ги зголемат шансите да зачнете

Со месеци се обидувате да зачнете и иако нема медицински проблем кој би ви попречил во остварувањето на сонот да станете родители, тестот за бременост секогаш останува на една цртичка? Тоа е ситуација во која се наоѓаат многу парови. Понекогаш зачнувањето не е толку лесно како што сме си замислувале. Додека некои се доволно среќни да си ја исполнат желбата со еден обид, за други парови забременувањето е макотрпен процес.

Веројатно веќе ве советувале да ја нормализирате телесната тежина и да се откажете од алкохолот и пушењето за да ја зголемите веројатноста да зачнете. Но, постојат и други мали промени со кои можете да си помогнете.

Зачнување
1

Засакајте го сонцето

Искористете го сонцето за да ја подобрите плодноста. Бесплатниот извор на светлина и топлина ја подобрува плодноста и кај мажите и кај жените, зголемувајќи го нивото на витамин Д во телото.

Додека сме изложени на сонце, ние го акумулираме „сончевиот“ витамин Д, кој кај жените ги балансира нивоата на естроген и прогестерон, а кај мажите го зголемува бројот на сперматозоиди, го подобрува либидото и го покачува нивото на тестостерон. Дополнително, сонцето го подобрува расположението и го намалува стресот.

2

Избегнувајте го напорното вежбање

Додека умереното вежбање може на позитивен начин да влијае врз женската плодност, интензивната физичка активност го зголемува ризикот од нередовни менструации и го отежнува зачнувањето.

Напорното вежбање го намалува нивото на прогестерон и ја отежнува овулацијата. Ако планирате да забремените, најдобро е да го ограничите вежбањето на максимум 7 часа неделно.

3

Исфрлете ги транс мастите од исхраната

Стојте подалеку од помфритот и омилениот калоричен сендвич. Транс мастите кои се содржат во брзата храна и производи како маргарин сè почесто се поврзуваат со намалена плодност кај жените.

Транс мастите ја намалуваат способноста на телото да реагира на инсулинот, а жените кои имаат инсулинска резистентност или дијабетес почесто страдаат од нередовни овулации.

4

Советувајте го саканиот да внимава на топлината во интимната регија

Високата температура во интимната регија може да влијае на производството и квалитетот на спермата. Мажите треба да ги избегнуваат топлите бањи и сауните, како и долгото возење велосипед, а треба да ја преферираат пошироката долна облека.

Особено е важно да се избегнува поставување на лаптопот во скутот, бидејќи топлината го намалува бројот на сперматозоиди.

5

Избегнувајте лубриканти

Лубрикантите влијаат на движењето на сперматозоидите и не се препорачуваат кога планирате да зачнете. Исто така, некои лубриканти содржат хемикалии кои ги убиваат сперматозоидите, па најдобро е да се ослоните само на природната влажност на вагината.

6

Внесувајте повеќе цинк

Цинкот е многу важен не само за женската, туку и за машката плодност. Овој минерал ја потпомага овулацијата кај жените, а кај мажите го зголемува производството на сперма. Исто така, цинкот го намалува ризикот од спонтан абортус во раните фази од бременоста.

Истражувањата покажуваат дека се потребни најмалку 15mg цинк дневно за да се подобри плодноста. Консумирајте повеќе храна богата со цинк, како риба, црвено месо, семки од тиква итн.

Релаксирајте се и уживајте. Стресот е ваш голем непријател кога сакате да станете мајка.

Анкета

Анкета
Каква беше 2016 година за вас?
  • 21%
  • 45%
  • 34%
Се испраќа...

(Вкупно: 8169 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.